Полудневна тура во искачување по карпи: За забава и без искуство
3,075.00 ден
Турата е наменета за сите заинтересирани кои немаат никакво искуство, а сакаат да искусат ваква авантура барем еднаш во животот. Организирајте го вашето друштво и испратете барање за резервација, селектирајте го денот кој ви одговара и очекувајте одговор.
Вклучено во цена:
- Цените по лице се истанати во опис
- Цената варира во зависност од големината на групата
- Забава и анимација
- Професионален тим
- Професионална опрема
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до Демир Капија
Искачувањето по карпи е сериозна работа, но за оние кои
немаат искуство и не се физички активни, а сепак ја имаат желбата да искусат една
ваква авантура, Дарио вели дека на располагање е полудневна програма наменета
за луѓе кои никогаш порано не доживееле качување на карпи на отворено, бидејќи
според него, Демир Капија ја има предлоста во одличната поставеност на карпите
кои им овозможуваат на лица од 2 до 72 години да стапнат на нив.
Турата има за цел да ви го направи денот забавен. Ќе имате прилика да се запознаете со алпинисти, да уживате во обувките за искачување, да се фотографирате, да ги слушнете основните принципи на искачување, да пробате и вие искачување и секако најважно од се е да се едуцирате. Присутните учесници може многу да научат и стекат вештини доколку сакаат да уживаат во тоа.
Пријавените
ученици треба да пристигнат на терен во спортска опрема, по можност со панталони
со целосно покриени нозе. Не е потребно искуство.
Сите учесници добиваат едукација, врвно јаже за качување, основни јазли, опрема како појас, шлем, обувки за качување.
ЛОКАЦИЈА