СУП тури: Трпејца

Oхридски регион Цена од:

1,000.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

КОНТАКТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ: 070 841 030

Вклучено во цена:

  • 1000 денари тура од Трпејца до Св.Заум со вклучени пијалоци и храна
  • Цената варира во зависност од бројот на лица и периодот
  • Можност за организиран превоз до Трпејца

Како најатрактивна тура која повеќето гости сакаат да ја користат е турата до Св Заум, а поаѓањето е од плажата Трпејца.

Овој регион нуди фантастични пејсажи и скриени места кои можете да ги уловите единствено доколку сте од езерската страна. За време на ваквите тури се посетува прекрасна дива плажа чив пристат е единствено по воден пат.

За време на турата се посетуваат изворите Тушемишта каде има извори со ладна вода, а за време на турата присутните добиваат доста безалкохолни пијалоци и ручек.

Покрај турата до Св.Заум, атрактивна тура е „Sunrise сесија“ или тура која се реализира рано наутро. Ова тура може да се реализира на локации каде ќе посакат гостите, а по фотосесијата се посетува црквата Св. Никола и околните диви плажи кои се наоѓаат во близина.

Овде се целодневните тури.

НАСКОРО: Дводневна тура со тргнување рано наутро, поставување шатори на една од убавите диви плажи во Трпејца, кампување и враќање назад наредниот ден за Трпејца.

Во сите тури има вклучено хранаи пијалоци.

Цени наскоро.

Fruity Sup Board е тим кој го соочинуваат млади и искусни луѓе кои веќе подолго време се во водите на Охридско езеро. Христијан вели дека како новитет во иднина ќе биде дводневната тура со ноќевање во шатори на прекрасна дива плажа во Трпејца.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.

Атрактивни локации кои можете да ги посетите со „Fruity Sup Board“ тимот се:

1. Црквата Св.Заум
2. Црквата Св. Никола
3. Заливот на коските
4. Автокамп Љубаништа
5. Изворите Тушима

КОНТАКТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ: 070 841 030

Остави Коментар