Гастро искуство во село Куратица на 1100 метри надморска височина
1,537.00 ден
Доколку сте група и сакате да ви се организира едно вакво искуство, испратете ни барање со селектирање на датумот, пишете ни број на лица и очекувајте понуда на вашиот мејл. Локалот работи исклучиво на резервации за групи почнувајќи од 10 лица.
Вклучено во цена:
- Цената за организиран ручек започнува од 25 евра по лице
- Цената варира во зависност од комбинацијата на мени
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски,
не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е
простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот во селото.
Од 2011 година, Ивана и Горан Мицкоски започнуваат со подготовка
на разни специјалитети за гости од целиот свет, нудејќи им уникатен увид во
автентичниот живот на село. Во „Плевна“, секој гостин е поканет не само да
вкуси, туку и да учествува во приготвувањето на традиционални македонски
јадења. Ова дава можност за вистинско искуство на учење и размена на културни
вредности.
1.
Пристигнување на групата во Куратица
2.
Поаѓање за прошетка нис селото доколку групата туристи се одлучи за
прошетка.
3.
Запознавање со селото и околината, планините на хоризонтот, поглед на
Охридското езеро, слободни активности.
Турите се
организираат претежно за ручек или вечера.
Се нуди можност
за организирана вечера со скара и логорски оган на туристички групи.
Менито во домаќинството вклучува мешано месо со домашно производство, салати, сирења, петулици, макала, подготвен зеленчук, домашен леб, локални пијалоци и друго.
ЛОКАЦИЈА