Центар за водени спортови: Охрид

Ohrid Цена од:

4,383.00 ден

Испратете барање за резервација на еден од водените спортови што ги нуди центарот на [email protected]


Вклучено во цена:

  • Цена по лице за 15 минути активно возење на даска: 75€ (30 минути вкупно на чамец)
  • Останатите цени и пакети ви ги испраќа центарот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

За оние кои првпат слушаат за центарот за водени спортови, треба да знаат дека тука се нуди специјализирана опрема за активности како Wakeboard, Wakesurf, скијање на вода, авантура со банана и разни гуми за влечење на поединци или групи луѓе по езерото. Покрај тоа, посетителите можат да изнајмат SUP даски.

Центарот организира целодневни, полудневни и единечни тури, зависно од интересите и големината на групата.

Целодневната тура вклучува 8 часа на езеро, со можност за возење со wake/surf/ski, во зависност од желбите на клиентите. Се посетуваат приватни плажи и се ужива во мирот на езерото. За време на денот има пауза за ручек во еден од локалните ресторани, а потоа се продолжува со возење при зајдисонце.

Центарот е единствен во Македонија кој нуди вакви тури, со целосна опрема за сите водени спортови, погодна за сите возрасти. Максималниот капацитет на еден чамец е 7 лица.

Турите се организирани со цел да го доближат овој спорт до сите, вклучувајќи и оние кои немаат свој глисер, со што се нуди уникатно искуство на водата и адреналински активности.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар