Еднодневна манастирска тура

Ohrid Цена од:

1,280.00 ден

Кајак.мк ве води на целодневна манастриска тура на западната и југозападната страна на Македонија.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице
  • Целодневна тура
  • Превоз
  • Лиценциран водич
  • Професионални фотографии

Не е вклучено во цена:

  • Храна
  • Патничко осигурување

Кајак.мк ве води на целодневна манастриска тура на западната и југозападната страна на Македонија. Бројот на патници е лимитиран, Ова тура се фокусира на помали групи со квалитетен водич и фотограф се со цел подобро меѓусебно запознавање и дружење.

Максимум број на лица 8-10 лица.

-Тргнување од Скопје во утринските часови (во договор со групата)

- Патување кон Кичево и посета на познатиот средновековен манастир изграден 1316 година, "Пресвета Богородица Пречиста". Овој манастир се наоѓа на 10км од Кичево и сместен е на 920 метри надморска височина, опкружен од сите страни со зеленило и чист воздух. Овој манастир уште е познат и под имињата "Кичевски манастир" и "Крнински манастир". Тука се наоѓа стара икона на Богородица која е изработена од сребро. Во овој манастир има активен монашки живот со вредни и љубезни монахињи кои секогаш со нивната гостопримливост придонесуваат да се чувствувате добредојдени, убаво и пријатно додека сте кај нив.

- Тргнување кон Струга. Прошетка по струшката чаршија и одмор и освежување на брегот на реката Црни Дрим.

-Следна дестинација е Вевчани. Познато и славно село. Како што викаат и самите Вевчанци тоа е држава во држава. Имаат свој пасош и нивни пари- личници, кои секако се користат како сувенири. Посета на селото и разгледување на типичната и автентична градба на куќите. Ќе ги погледнете добро сочуваните куќи на фамилиите: Коруновци, Костојчиновци, Китановци, Дуцкиновци и.т.н. Понатаму посета на познатите вевчански извори за кои локалното население ќе ви каже многу интересни работи поврзани со изворите и борбата, отпорот, пожртвуваноста на самите Вевчанци во еден период од минатото.

-Тргнување кон Калишта. Посета на манастирот "Св.Богородица" познат и како "Калишки манастир". Овој манастир датира од 11 век. Во склоп на овој манастирски комплекс покрај црквата посветена на Богородица се наоѓа и пештерска црква на која врз основа на неа е подигнат денешниот манастир и во дворот има и храм посветен на Св. Петар и Павле. Во калишкиот манастир се наоѓа познатата икона Богородица во црно, икона која ја има само во неколку примероци во цел свет. Има интересни легенди околу неа. Имено, во минатото многу наши поробувачи ја врзувале со синџири и ја потопувале на дното на езерото. Но, секогаш на чуден начин истата стигнувала повторно до брегот на езерото каде што се наоѓа манастирот.

Потоа посета на пештерската црква посветена на Св.Атанасиј која се наоѓа во близина на калишкиот манастир и датира од 14 век.

-Тргнување кон Радожда. Посета на познатата пештерска црква Св.Архангел Михаил која датира од 13 век. Местоположбата на црквата е на прекрасно место кое остава без здив. Имате преубав поглед кон целото Охридско езеро.

Остатокот од денот слободни активности во Радожда, ручек, прошетка по селото, плажа.... Во Радожда се наоѓаат најчистите и најубавите плажи.

-Во договор со групата тргнување кон Скопје.

Дали знаете дека?
При онлајн резервација на атракциите на „Кајак.мк“ вие донирате 1% за пошумување на нашата држава. Истото така добивате и код на ваучерот со кој подоцна можете да погледнете каде е засадено вашето дрво. Затоа направете предрезервација на понудата бесплатно. Селектирајте го терминот кој ви одговара и добијте повратен одоговор во истиот ден. Доколку имате дополнителни прашања ви стоиме на располагање на:

076 791 157

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар