Школа за едрење во Охрид
1.00 ден
Контакт телефон 078 472 482 Стефан Кпнтакт електронска пошта [email protected]
Вклучено во цена:
- Условите ги договарате со школата
Не е вклучено во цена:
- Условите ги договарате со школата
Денеска во светот на Кајак.мк влегуваат "Акватика Јахтинг" - Здружение за спортско едрење во Охрид. Друштовото е формирано во 2015-та година од страна на долгодишни вљубеници во овој спорт, а ние денеска ќе разговаравме со Стефан Ставрев, кој е еден од основачите.
Стефан вели дека со години наназад организираат школа за едрење, која е наменета за сите возрасти. Старосна граница во едрењето не постои, вели тој и додава дека на нивните едрилици може да се забележат возрасти од 7 до 77 години.
Стефан раскажува за неговите почетоци, вели дека започнал од 7 години кога за прв пат се качил на едрилицата и започнал да ги открива тајните на спортот. Денеска има 49 години и се уште е активно вклучен во едрењето.
Додава дека најважно од се е заинтересираните да избираат локални здруженија кои имаат скиперска дозвола за отворено води и кои се обучени за целосна безбедност на отворените води.
Нивното здружение за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ е лоцирано на плажата Горица 1. Школата започнува со завршувањето на учебната година се со цел да може секое дете да си дозволи присуство. Уписите траат од први до десети јуни, а пожелно е децата да знаат да пливаат, но во секој случај сите ученици носаат помошни средства за пливање како што се елеците за спасување.
Школата за едрење се состои од теоретски и практичен дел. Во зависност од возсраста се користат и различни видови на едрилици.
За децата од 07-15 години кои се и најбројна група се едри во класата оптимист, а за деца над 15 години обуката се извршува во Олимписките класи ILCA и класата 470. За повозрасните, се користат едрилици над 6 метри должина. Сето ова се одвива под будно око на теренскиот тим, кој со професионален теренски гумењак, ги следи активностите на вода.
Историјата на на нашата Школа за едрење е поврзана со самите едриличари, долгогодишни вљубеници во едрењето. Охридското езеро како најголем природен спортски неискористен терен нуди огромни можности за развој на едрењето, кој е пред се Олимписки и еколошки спорт.
Стефан вели дека условите кои ги имале како деца и сегашните услови се далеку поразлични. нивниот ентузијазам се покажува на дело, првично со создавање на услови за чувањето на едрилиците и опремата. Низ годините наназад едрењето во Охирд имало свои успеси и падежи, но денеска Стефан тврди дека е во голем развој.
ЛОКАЦИЈА