17.03.2020

Карантин и забрана за патување: Листа од 38 земји кои имаат ограничувања поради коронавирусот!

Карантин и забрана за патување: Листа од 38 земји кои имаат ограничувања поради коронавирусот!

Австралија
Австралија воведе забрана за влез на сите што патувале низ Кина до 1ви февруари, Иран од 1ви март, Јужна Кореја од 5ти март и Италија од 11ти март. Австралиските државјани, авионските екипи и нивните членови на потесното семејство ќе може да се вратат, како и државјаните на Нов Зеланд кои живеат во Австралија.

Нов Зеланд
Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Арден во саботата објави дека „Нов Зеланд ќе има ригорозни ограничувања на границите“. Сите меѓународни патници, вклучително и граѓаните кои се враќаат, ќе треба да се изолираат 14 дена.

Јамајка
Во неделата, на 15 март, Јамајка прогласи состојба на катастрофа. Сите јавни настани се одложени. Јамајка исто така забрани влез на посетителите од Велика Британија - освен за граѓаните на Јамајка и нивното потесно семејство и жителите на Јамајка кои патуваат од Велика Британија.

Австрија
Од австријците се бара да се стават во карантин бидејќи се воведоа големи ограничувања на движењето во неделата, 15ти март. Сите продавници се затворени од понеделникот освен маркетите, а рестораните беа затворени во вторникот.  Владата забрани влез на лица кои патуваат од Велика Британија, Холандија, Русија и Украина без лекарско уверение. Откажани се сите железнички и авионски врски од и до Италија, Швајцарија, Лихтенштајн, Шпанија и Франција.

Белгија
Сите училишта и универзитети се затворени од понеделник, 16 март до 3 април. Сите рекреативни и спортски настани се откажани или одложени. Кафулињата, пабовите и рестораните се затворени, додека продавниците им се советува да бидат затворени за време на викенди. Аптекте и супермаркетите остануваат непроменети.

Чешка република
Во четвртокот, на 12ти март, Чешката Република прогласи 30-дневна вонредна состојба. Училиштата, универзитетите и културните институции се затворени, собирите на повеќе од 30 лица се забранети. Во саботата утрото се затворени сите трговски центри.

Данска
Данска ги затвори своите граници за сите меѓународни посетители од саботата, 14 март до 13 април, дозволено е само враќање на данските граѓани и жители кои со документи им е дозволен престој во земјата.

Франција
Франција воведе затварање на границите на 16 март, а ќе трае 15 дена. Граѓаните можат да излегуваат до супермаркет, аптека или работа. Претседателот Емануел Макрон изјави дека границите се затворени од вторникот, иако на француските граѓани и жителите ќе им биде дозволено да се вратат дома.

Германија
Од понеделникот, 16 март, училиштата и универзитетите се затворени во регионите Баварија, Берлин, Сарланд и Долна Саксонија, се до 20 април. На национално ниво, владата повика да бидат забранети настани со повеќе од 1000 луѓе. Германија исто така привремено ги затвори своите граници  со Швајцарија, Австрија, Данска и Луксембург.

Унгарија
Патниците кои пристигнуваат од Кина, Италија, Иран, Израел или Јужна Кореја мора да одат во самоизолација  во времетраење од  14 дена. Забранети се културни и спортски активности, ресторани и барови се затворени.

Италија
Италија воведе ригорозни мерки на национално ниво што важат до 3ти април 2020 година. Земјата е во тотална изолација. Работат аптеките и супермаркетите. Граѓаните можат да ги напуштат своите домови само од оправдана причина за тоа, како што е купување храна, медицински материјали или помош на оние кои имаат потреба.

Холандија
На сите училишта, кафулиња, ресторани и спортски клубови им беше наредено да бидат затворени во недела, на 14ти март. Затворени се и јавните места како музеи, места за концерти, театри и спортски клубови.

Норвешка
Меѓународните патници кои пристигнуваат во Норвешка надвор од Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, Гренланд, Фарските острови и Оландските острови ќе бидат во 14 дневна самоизолација.

Полска
Полска забрани влез на сите странски посетители од неделата, 15 март и наметнува 14-дневен карантин на сопствените граѓани што се враќаат. 

Словачка
Словачка ги запира сите меѓународни патувања до и од земјата и воведува гранични контроли. Училиштата, спортските центри и некои културни атракции се затворени.

Словенија
Од полноќ во неделата, на 15 март сите продавници, освен супермаркетите, бензинските пумпи, аптеките, банките и земјоделските продавници, им беше наредено да се затворат. Училиштата исто така се затворени, а јавниот превоз е стопиран.


ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД ЛИСТАТА СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!
Напоменуваме дека ова листа не ги содржи сите земји. Доколку имате патување, ве молиме контактирајте ги надлежните органи!


Фото:Madrid's Gran Via Street empty during the COVID-19 lockdown ©Guilermo Guterrez Carrascal/SOPA Images/LightRocket/Getty Images


  1. ДАЛИ МОЈАТА АВИОКОМПАНИЈА ЌЕ МИ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈТЕ ОВДЕ!

  2. ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!


  3. СИТЕ ОСТАНТИ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Произведуваме 100% природно масло од лешник и путер од лешник

Приказната на Билјана и Сашо и нивната заложба да произведуваат здраво природно масло од лешник и путер од лешник од денеска е дел од балаклницата на Кајак.мк

Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај

Тури со коњи во регионот на Битола. Ранч во село Кравари. Јавање на коњи на Пелистер. Ранчот во моментот располага со 5 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи.

Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!

Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.

Јануарски тим билдинг со уште една снежна АТВ авантура

Среќни сме што тим-билдинг настаните не се реализираат само на пролет, лето и есен, туку веќе имаме доста тим-билдинг патувања кои ги реализираме и во најстудентие месеци како декември, јануари, а веќе имаме и патувања за февруари.

Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија

Доаѓа период на виното и хармонија. Предлог на Кајак.мк за викенд патување

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.