24.02.2025

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица

Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Цена за турата можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.


Денеска ве водиме на падините на Јакупица, односно во село Нежилово, каде покрај рибниот ресторан кој е главна атракција овде, отсега можете да резервирате и АТВ тура која ве носи до планинарскиот дом Чеплес, кој се наоѓа на 1435 метри надморска височина.


Групата може да биде до максимум 6 лица на 3 атв возила, а со вас доаѓа и водич кој ви ја организира целата авантура.


Домот се наоѓа во шума од бисоки букови дрва, што ја прави ова тура идеална за уживање. За оние кои ќе ја резервираат ова тура ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот планински амбиент и поглед кон врвовите на Јакупица.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и опција за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.