26.02.2025

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен

Уште еден одличен пролетен предизвик за сите авантуристи, а особено за семејствата авантуристи кои постојано ги водат своите деца на нови и необични места во Македонија.

Погледнете брзи детали за сместувањето со еден клик ОВДЕ.


Денеска тимот на Кајак.мк ве води во село Битуше, на 1000 метри надморска височина, каде во недопрена природа, се гради нова дрвена планинска куќичка, која верувале или не е опремена со се што ви е потребно за еден комфорен одмор. Точно така, овде имате и Wi-Fi, што значи дека слободно можете да ја преселите вашата канцеларија во природа.


Foto: Krumislav Rafajlovski

За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.


Зошто го вели ова? Затоа што ова сместување се наоѓа во најубавиот предел на Македонија, опколено со многу природа и шума.

Битуше е село во мијачкиот дел од Македонија. Познато по прекрасната традиција за Водици која е исполнета со шаренила од македонски народни носии и изворни песни. Самото село за нас претставува музеј под отворено небо, а целиот регион на националниот парк Маврово е исполнет со многу важни знаменитости кои дефинтивно ќе ви го исполнат слободното време. Почнувајќи од Манастирот Св. Јован Бигорски, Рајчица, реката Радика, Рибничката река, планинските врвови Крќин, леденичкото езеро Локуф, превкусната локална храна и уште многу други работи кои можат да се искусат за време на престојот.

Покрај Водици, селото Битуше има своја селска слава која е на Илинден, но од јуни до октомври ова селце е вреди за секој денар вложен во патувањето до тука.


Foto: Zlatko Zlatko

Планинската куќичка која од денеска е дел од светот на Кајак.мк се наоѓа на 800 метри на ширината кај манаситорсниот дел Св. Кирил и Методиј, кој е прекрасен манастирски комплекс и кој заслужува да се посети. Исто така недалеку од манаситрот, во самата шумичка се наоѓа и „Бранова Чешма“.


Foto: Pavle Kostadinov

Куќичката ќе биде официјално отворена на 01.06.2025, бидејќи преостануваат уште неколку работи да бидат доуредени, а наскоро ќе имаме објавено уште многу добри пролетни фотогафии за кои дефинитивно сме сигурни дека ќе ве привлечат повеќе. Располага со капацитет за 4 лица, односно 2 возрасни и 2 деца, а во моментот се уредува нејзиниот двор во кој ќе имате можност да поставите шатори и да кампувате, за која можност ќе пишуваме дополнително.

Повеќе информации за куќичката можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.