26.09.2020
Дали сте слушнале за Длабок Дол: Уникатно место во Македонија
Дали сте слушнале за Длабок Дол: Уникатно место во Македонија
Туристичкиот сервер Кајак.мк ве запознава со уште една прекрасна локација во Македонија, именувана како „Длабок дол“. Ова прекрасна фотографија е на Гоце Тасевски.
Тимот на Кајак.мк со особена внимателност ги следи туристичките дестинации кои можеби се помалку познати во јавноста. Затоа би сакале да ви препорачаме доколу се одлучите да го посетите ова место, со вас да понесете хартиени кеси во кои ќе го чувате вашиот отпадок и ќе го вратите назад со вас. Еко-концептот на Кајак.мк мора да биде почитуван. |
Длабок Дол се наоѓа на десетина километри од Гевгелија по патот кој води накај Смрдлива Вода после локалното излетничко место Сифулајка, или десно на околу 20 минути одење од Катеринина чешма во падините на Кожуф.
СИФУЛАЈКА(Bosh festival)
За сите коишто се заинтересирани да истражуваат одредени предели од Кожуф, Кајак.мк во вашата тура ви препрачува да го вклучите и излетничкото место Смрдлива Вода. Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода, се наоѓа на надморска височина од 850 метри, а од градот Гевгелија е оддалечен 24 километри. Пред заминете таму, обрнете внимание на живописната природа која не ви дава да здивнете. Впрочем, покрај самиот пат се наоѓа Конска река која мами со своите диви предели, но и со ендемичните видови растенија, како што е Гол човек (Arbutus andrachne), единствено зимзелено дрво коешто двапати годишно ја менува својата црвенкаста и лушпеста кора.
(apartmani.mk)
На „Смрдлива вода“ работи ресторан „Иц Иц“ во кој можете да дегустирате локални специјалитети.
Кога веќе го посетувате јужниот предел, зошто да не појдете и до „Бел Рај“. Кликнете на насловот за повеќе информации:Во Македонија навистина постои „Рајот“, а тој се наоѓа на југот од државата |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?
Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река
Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?
Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа
Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.