25.09.2020

Во Македонија навистина постои „Рајот“, а тој се наоѓа на југот од државата

Во Македонија навистина постои „Рајот“, а тој се наоѓа на југот од државата

Последните сончеви денови во септември и октомври, можеби најпаметно е да ги искористите на некоја нова локација, за многумина од вас можеби и се уште непозната. Туристичкиот сервер Кајак.мк овојпат ве води во падините на планината Кожуф, односно на само 15 минути возење по локален пат од самото исклучување од автопатот на клучката кај Миравци.

Кајак.мк е туристички сервер со еко концепт, затоа при секое читање на нашите #TIPS&TRICKS совети за патувања, ве советуваме да си понесете со вас, хартиена кеса во која би го собрале отпадокот. 


Ве запознаваме со „Бел Рај“. Место за кое се раскажуваат многу приказни, а доколу имате авантуристи туристи во вашето друштво, со сигурност ќе ви кажат за ова место. Во почетоците на неговото работење „Бел Рај“ беше место кое го обожаваа луѓето со слободен дух, авантуристите, планинарите, велосипедистите и музичарите.


Доколку пребарувате во музичките видеозаписи на познатата група „Ареа“, ќе забележите дека видеоспотот за песната „Слободен“ е снимен на ова место. Покрај Ареа и многу други млади музичари имаа свое гостување на ова локација. Пред извесен период, Бел Рај беше домаќин на дводневни и тридневни електронски музички фестивали. 


Денеска, ова место има свој отворен и затворен простор каде може да престојуваат гостите. Бел Рај ќе функционира и во текот на зимскиот период, кога е особено добро чуството да го посетите во текот на ноќните зимски часови кога реката создава фасцинантен шум. 

Реката која поминува покрај самото кафуле има создадено два пошироки вира, каде локалните жители, но годинава и многу луѓе од цела земја се одлучија да влезат во свежите, но сепак чисти води на реката. 

Местото е претежно фаворизирано од младите во Македонија, но според она што можеме да го забележиме, менаџментот се фокусира да го разработи локалот за секаков тип на гости, со служењето скара и риба. 

Што може да се виде во околината на „Бел Рај“:
-Брана „Калица“
-Брана „Габрово“

Договорете локални жители да ви организираат велоспедска тура!


Што треба да се јаде во овој период од годината:
-Смокви (Свежо, нешто што треба сега да се јаде)
-Калинки (Свежо, нешто што треба сега да се јаде)
- Локален Ајвар 
(Свежо, нешто што треба сега да се јаде)

Фотографиите се линкувани од фејсбук страницата: https://www.facebook.com/belrajmiravci/
Текст: Kajak.mk


Уште една луксузна вила на Тиквешко Езеро достапна за резервации
КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФО!




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!

Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!

Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Приватни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!

Вински дегустации, вински вечери, приватна атмосфера и уникатно доживување!

Предлог пикник дестинација: Рибничка река

Дали сте слушнале за Рибничка Река која важи за една од најголемите притоки на реката Радика?

Ново на Кајак.мк: Авантуристички парк на Осоговските Планини

Adventure park нуди уникатен спој на активности на отворено, мирна планинска атмосфера и автентична македонска гастрономија.

За првпат во Македонија: Прв голф терен достапен на Кајак.мк

Голф терен во Охрид. На располагање е целокупна опрема за изнајмување, како и основна обука за почетници. Патувањето со голф-карт низ зелениот терен е само еден од многуте моменти што ќе ги паметите.