29.04.2025

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?

Во свет каде сè се движи пребрзо, тимот на Кајак.мк ви споделува една уникатна приказна за едни уште поуникатни мини настани кои се организираат во Скопје. Додека на едни им е досадно секојдневието во градот, на други пак, им е исполнет со активности со дружење, смеа и креатива.

Денеска сакаме да ви ја раскажеме приказната за ФИКА настаните во Скопје.
ФИКА настаните се мини дружења кои се организираат во шармантни скопски кафулиња, каде преку креативна сесија се спојува уметноста и релаксацијата – токму она што му треба на секој човек што сака да здивне и да создава.

Настан можете да резервирате со еден клик ОВДЕ.

Тимот на кајак.мк со големо задоволство ве запозава со Маја – жената чија идеја прерасна во реалност.

Маја вели дека долго време размислувала како да ја спои својата љубов кон уметноста со потребата за мир и одмор во динамичниот живот на Скопје. Таа ја создала ФИКА како место каде луѓето можат да се одморат, да создаваат и да ги изразат своите идеи во опуштена и инспиративна средина.


Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина, креирање уникатни букети од суво цвеќе – сè е осмислено така што процесот на создавање станува начин на опуштање. За оние што сакаат да се насочат кон своите цели и инспирации, тука е и можноста за изработка на „Визионерска Табла“ – личен колаж од идеи, соништа и насоки за иднината.

Фото: Hristina HTR studio

Настаните траат два часа и вклучуваат не само сите материјали потребни за избраната активност, туку и пијалок по избор, кој дополнително ја заокружува релаксирачката атмосфера. На крајот, учесниците не само што ги носат своите уникатни изработки дома како спомен, туку носат и нови идеи и нова инспирација.

ФИКА е идеална за групи, родендени, девојачки вечери, како и за туристи кои сакаат да го доживеат Скопје на поинаков начин – преку креативност, релаксација и поврзување со локалната култура.

Фото: Hristina HTR studio

Маја ја креираше оваа приказна со визија да создаде простор каде што секој може да се ослободи од стресот, да се посвети на себе и да се потсети дека уметноста е начин на живот.

ФИКА потсетува дека понекогаш најдоброто што можеме да го направиме е да застанеме само еден момент, да се фатиме за молив, четка или глина и да ѝ дадеме простор на креативноста да нѐ води.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации за активностите, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!