Засадуваме нови дрвца преку „Team Building“ настаните
Попова ШапкаНа секој нов „Team building“ настан кој го организира тимот на Кајак.мк ќе се засадуваат нови дрвца на локацијата каде воедно се оддржува настанот.
На секој нов „Team building“ настан кој го организира тимот на Кајак.мк ќе се засадуваат нови дрвца на локацијата каде воедно се оддржува настанот.
За нас ова преставува една нова ера на организирање „тим билдинг“ настани во Македонија. Нашата цел е да засадиме што е можно повеќе дрвца ширум државата, како би помогнале во заздравувањето на природата по пожарите кои ги зафатија нашите шуми.
Среќни сме што вработените на Coniq ја добија титулата за еко одговорен тим, кои преку својот „team building“ на Попова Шапка донираа во засадување на нови зимзелени дрвца. Ова е доказ дека со помош на приватните компании во државата може да се вклучиме во пошумувањето.
Преку еднодневниот „Team building“ настан, вработените на Coniq имаа можност да се запознаат со дел од нашите локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот, а воедно и да уживаат во убавините на Шара.
За дел од нив, како ново искуство беа електричните велосипеди со кои организиравме тура до едно од бачилата на Попова Шапка, каде имавме можност да дегустираме традиционално овчо сирење со домашен топло печен леб.
По завршувањето на велосипедската тура, уживавме во традиционалните специјалитети кои ги подготвија нашите домаќини од Скардус. Локалните жени од овој крај ни подготвија вкусна флиа под сач, пиперки со урда, разни салати и телешко на скара со домашен сос од рачно набрана боровинка.
Во знак на благодарност, Coniq доби био разградлива благодарница која е произведена од рециклиран материјал. Благодарницата соодржи семе, што значи дека и самата таа може да биде засадена и да изникне прекрасен „Пркос“ кој ќе ја краси канцеларијата и ќе ги потсеќа на доброто дело кое беше направено во само еден ден.
Бидете вие дел од нашето семејство. Пријавете го вашиот тим на еко тим билдинг со Кајак.мк. Повеќе информации за пријавување може да најдете со еден клик ОВДЕ.
ЛОКАЦИЈА