Засадени нови 35 дрвца на тим билдинг на Попова Шапка
Попова ШапкаТим билдинг на Попова Шапка. Нови 35 дрвца, нови насмевки и нови спомени
Еј друштво. Тимот на Кајак.мк е среќен да ве информира дека во текот на изминатиот викенд имавме одлична дружба со младта екипа од компанијата „React“ која преку тим билдингот кој го организиравме на Попова Шапка донира и засади нови 35 дрвца.
Нè радува фактот дека се повеќе компании одлучуваат да се препуштат на нашата организација преку која им овозможуваме друштвено патување кое ќе го паметат. Меѓу компаниите кои се покажаа како еко одговорни ја додаваме и компанијата „React“ чии вработени ќе го паметат 1-ви октомври како ден кога направиле добро дело за природата и екологијата.
Облачното и дождливо време не ги спречи да ја завршат акцијата за пошумување и да засадат нови 35 дрвца околу хотелот Скардус.
Покрај акцијата за пошумување, вработените имаа можност да уживаат во нашите тим-билдинг игри, каде поделени во три дела ги измерија мускули.
Тим билдинг настаните на Кајак.мк не би биле комплетни ако недостасува активен туризам. Се со цел да биде комплетна приказната со среќен крај, ние организиравме три тури. Почнувајќи од планинарска тура на која присутните имаа можност да се запознаат со природните убавини на Шара, да научат многу за животинскиот свет на планината и секако да ги направат најдобрите фотографии за време на пикник дружбата која ја организиравме во природа.
Втората тура која ја организиравме беше со електрични велосипеди, каде храбрите имаа можност да поминат километри набљудувајќи ја природата и убавините на Шар Планина.
Третата тура за која ние рековме дека се жени- хероини ја организиравме со коњи, предводени од локалните херои од „Први Мај“ за кои имаме пишувано доста на Кајак.мк.
Она што ни е драго е фактот дека компанијата „React“ која го избра Кајак.мк како организатор на тим билдинг патувањето овозможи поддршка на локалните херои кои според нас прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот, а кои во овој момент им треба најголемата поддршка.
Затоа, ние им се заблагодаруваме на вработените на „React“ за нивната општествена одговорност и еко свест да ни се придружат кон градењето на еден свет во кој ќе се вреднуваат нештата.
ЛОКАЦИЈА