Нов тим билдинг и 200 нови дрвца во регионот на Крушево
Тим билдинг во КрушевоНие знаеме да кажеме: Викенд исполнет со нови приказни и нови искуства.
Тимот на Кајак.мк изминатиот викенд организираше уште еден прекрасен тим билдинг настан за вработените на „КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО“, што значи уште еден одличен и активен викенд поминат со одлични луѓе.
Ние знаеме да кажеме: Викенд исполнет со нови приказни и нови искуства.
Вработените на „КБ ПРВО“ имаа можност да се запознаат со локалните херои кои ги промовираме на нашата платформа. Ваквите посети за нас се од огромно значење бидејќи компаниите им даваат директна поддршка на локалните херои за да продолжат да го развиваат локалниот туризам на уникатен и поразличен начин.
Со самото пристигнување во Крушево, бевме топло пречекани со домашно кафе, локум, гурабии и домашни слатки десерти подготвени од крушевските жени кои се дел од „Здружението за туризам во Крушево“. Утрото ни започна со лаф- муабет за влашките обичаи, култура и традиција. Она кое можеби нè врати низ историјата беа девојките кои облечени во влашка градска носија нè послужија со кафе и десерт. Нашата хероина Лефкија, покажа дека Крушево е гостопримливо градче во секој ден од годината.
Фактот дека Крушевското езеро е волшебно на есен, го потврдивме преку турата со коњи која ја организиравме заедно со нашиот Диме, човекот кој долго време одгледува коњи и организира тури во околината на градот.
Ние секогаш настојуваме крушевските специјалитети да ни ги подготвува Уни. „Крушевска Одаја“ е место кое заслужува да го посетите и да дегустирате домашна традиционална храна во прекрасен домашен етно амбиент.
Покрај уникатните доживувања, она што нè прави среќни е фактот дека „КБ Прво“ се приклучи на нашата кампања за засадување нови дрвца во регионот каде се организира тим билдинг настан. Заедно со „Национални шуми“ успеавме да засадивме нови 200 дрвца во регионот на манастирот „Свето Преображение“ каде пред неколку години избувна голем пожар.
Преку ваквите тим билдинг патувања, претходните компании како и компанијата „КБ Прво“ помогнаа во директна поддршка на туристичкиот сектор во време на пандемија, директна поддршка на локалните херои кои целиот свој живот го посветиле на туризмот, но исто така, упатија апел до сите компании дека време е да размислуваат еколошки и одговорно. Тоа е она кое ги прави нашите тим билдинг патувања- ПОИНКАВИ.
Тимот на Кајак.мк им се заблагодарува на довербата и на одлуката што ни овозможија да ги запознаеме со нашиот свет.
ЛОКАЦИЈА
Comments
-
Цанка Стојковска
29.11.2021 16:34
Дечките се една голема позитива! Браво за целиот тим на Кајак кој ни овозможи овој тим билдинг да биде едно прекрасно искуство и доживување. Организација на ниво, професионалци во својата работа, а воедно и доволно опуштени за дружба и смеа. Дефинитивно ги препорачувам ☺️❤️