Тим билдинг во Крушево

Засадивме нови дрвца на тим билдинг во Крушево

Засадивме нови дрвца на тим билдинг во Крушево

Засадивме нови дрвца на тим билдинг во Крушево

Тим билдинг во Крушево

Преку новата ера на тим билдинг настани кои ги организира Кајак.мк, покрај активностите и авантуристичките патувања, присутните засадуваат и дрвца.

На секој нов „Team building“ настан кој го организира тимот на Кајак.мк ќе се засадуваат нови дрвца на локацијата каде воедно се оддржува настанот.


Ова е една нова ера на организирање „тим билдинг“ настани во Македонија која Кајак.мк ја започна пред неполн месец. Нашата цел е да засадиме што е можно повеќе дрвца ширум државата, како би помогнале во заздравувањето на природата по пожарите кои ги зафатија нашите шуми.


Среќни сме за фактот дека на акцијата за засадување ни се вклучи и  „Центарот за развој на пелагонискиот плански регион“ кој на 22-ри септември за време на тим билдинг настанот донираше и засади нови дрва на „Ски центарот на Крушево“. 

Вработените од ова институција добија титулата за еко одговорен тим, кои преку својот „team building“ во Крушево, донираа во засадување на нови зимзелени дрвца.


Преку еднодневниот „Team building“ настан, вработените имаа можност да се запознаат со дел од нашите локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот, да уживаат возејќи АТВ мотори низ „Крушевската корија“, јават коњи до разни спомен обележја и да уживаат во новиот адреналински парк кој е отворен на ски центарот.


За дел од нив, искуството во адреналинскот парк е нешто незаменливо, а како што велат тие тим билдинг настан органзиран во Крушево може да помогне многу во активирањето на мускулите и ослободување од стресот.

Бидете вие дел од нашето семејство. Пријавете го вашиот тим на еко тим билдинг со Кајак.мк. Повеќе информации за пријавување може да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар