Уште еден прекрасен еднодневен тим-билдинг со Маркарт

Тим билдинг во скопски регион

Во опуштена и приватна атмосфера, лесна и комотна спортска облека, забавни активности и пикник мезе, сето ова склопено во еден добро поминат ден.

Ние велиме дека со добар тим колеги секој ден може да имате предновогодишни колегијални дружби и забави. За Нова Година е рано да се зборува, но забавата која ја организираше тимот на Кајак.мк во текот на вчерашниот ден ни даде за пример дека токму вака треба да изгледат сите предновогодишни колегијални забави.

Во опуштена и приватна атмосфера, лесна и комотна спортска облека, забавни активности и пикник мезе, сето ова склопено во еден добро поминат ден.

Кајак како организатор на овој и на некои од прехотдните настани активно вклучува и промоција на локални пијалоци кои ги произведуваат локалците во Македонија. По галичкиот џин, на последната дружба со Маркарт имавме прилика да ја испрезентираме „Ракијата од јапонско јаболко“ која се пече во село Стојаково, а присутните ја имаа можноста да ја дегустираат и оценат.

Ваквите комбинации од еднодневни настани ќе продолжиме да ги организираме и во наредниот период, со акцент на предновогодишните колегијални дружби за компаниите кои бараат начин да го реализираат тоа на скромен и кул начин.

Ви благодариме Маркарт, што ни ја пружите можноста да бидеме сите заедно.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар