Првиот тим билдинг со „Art and Wine“ ликовна колонија

Тим билдинг во скопски регион

Среќни сме дека за првпат во Македонија имавме можност да организираме ликовна колонија на која заедно со вработените од компанијата учевме за основните техники на сликање на керамика. Ваквата колонија беше реализирана од младите и квалитетни уметници Бојан и Цветан.

Нема ништо поубаво од тоа кога команијата ќе ја прифати идејата на Кајак.мк за организирање на еден поразличен тим-билдинг настан во околината на Скопје. Ако веќе бараме компанија која важи за репер за тоа како треба да изгледа целодневен пикник настан во скопските рурални средини, таа компанија дефинитивно е „Support and Solutions Center MK“.

За секој учесник на колонијата имавме обезбедено престрилки и црни гумени ракавици, како би изгледало тоа доста совршено, а како јаготка на шлагот ни беше виното кое ни го доставија неколку мали семејни винарии од Тиквешкиот регион.

Со еден збор, успеавме да ги искористиме последните топли сончеви зраци за оваа година, а со тоа да им дадеме уште една идеја на сите компании кои сакаат да ни се приклучат на нашите ликовни колонии кои ние ги именувавме како „Art and Wine“ а кои можеме да ги организираме во сите локални винарии, јавни места, приватни простории, градини или во природа.

Гледајќи ги фотографиите сигурно се прашувате каде го организиравме пикник настанот? Дел од вас кои постојано го следат Кајак.мк, сигурно веќе сте запознаени со „Кутракотна Дедо“, а за оние кои оваа ви е прво четиво, би сакале да ве запознаеме со „Кутракот на Дедо“, прекрасна приватна организирана оаза која е стационирана во село Бадар.

Па оттука, ако нам не прашате каде би можеле да го најдете мирот и спокојот од една страна, а приватноста и слободата од друга страна, тогаш дефинитивно нашиот одговор ќе биде „Кутракот на дедо“.

Покрај „Art and Wine“ колонијата, тимот на Кајак организираше и кратка работилница за изработка на дрвени сталажи за вино, а на која работилница учесниците имаа прилика да се запознаат со нашите занаетчии од резбарското атеље Зингибер, кои често им даваме поддршка преку нашите настани. За Зингибер сме пишувале доста, а за нас овие луѓе треба да ви бидат водилка за тоа како можете вашата љубов кон занаетото да ја претворите во дела кои ќе ви го чуваат потписот.

Пикникот не би бил идеален без скара и бургери. Ниту пак би бил идеален без пиво и музика. Ние за првпат успеавме да направиме добра комбинација од ди-џеј сет и електрична гитара која ќе го води караоке шоуто за кое оставаме да биде во приватните фиоки на компанијата. Што се однесува до музиката, имавме супер селекција од ChillOut, а покрај караоке забавата, овде беше и техно просторот за љубителите на електронскиот звук.

Денот прекрасен, многу гости, многу забава, дружење, игри и активности. Со еден збор, пикник кој ќе го паметиме.

Ви благодариме „Support and Solutions Center MK“, што ни ја дадовте довербата. Нова еко херој компанија која од денеска е дел од семејството на Кајак.мк 






ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment