Вила со базен во село Бадар, Катлановска Бања

Каде во Скопје

Вила со базен во село Бадар

Во базата на Кајак.мк имаме уште една гастономска дестинација која има свој приватен базен достапен за користење во текот на летната сезона.

За нашите патувачи кои за првпат се среќаваат со село Бадар, треба да знаат дека ова селце се наоѓа недалеку од Катлановска Бања и во непосредна близина на реката Пчиња од десниот брег.

Вилата е своевиден ресторан кој има капацитет да прими 134 лица, а во летниковците има капацитет за 30 лица.

Домаќините кои ни ги отворија своите порти за светот на Кајак.мк велат дека околината каде што се наоѓа нивниот ресторан е исполнета со викендици и шума. Се наоѓаат во рурална средина, тивка околина, а велат дека секој кој сака може да го изнајми целиот простор за да ужива со своја приватна група, фамилија, семејство, пријатели и ред друго.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • ANITA GROZDANOV

    22.07.2022 14:41

    Здраво, ме интересира колку спални имате и колку би чинело изнајмувањето од петок до сабота на целиот простор . Анита ГРозданов,