СОС ДЕТСКО СЕЛО: Еко приказна во Берово

Тим билдинг во Берово

СОС ДЕТСКО СЕЛО: Еко приказна во Берово

Последната во низа организации за 2022-ра година која застана рамо до рамо со „Кајак.мк“ е „СОС ДЕТСКО СЕЛО“. Со дел од вработените од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село имавме можност да се запознаеме и другаруваме во Берово. Сончев декемвриски тим билдинг, исполнет со многу корисни информации и активности.

Хотелот во кој одлучивме да престојуваме со групата беше хотел Манастир, од причини што активностите кои ги организира менаџментот на хотелот и заложобата која ја има во развојот на руралниот и активниот туризам и поддршката која ја нуди на локалното население, нам ни е во главен фокус. Домаќинката Дина се погрижи да се чувствуваме пријатно, да го вкусиме регионот на Берово преку добрата храна и секако да ги реализираме нашите активности во хотелот без никаков проблем.

Ако има нешто за кое Кајак.мк е особено горд во 2022-ра година, се нашите авторски настани именувани како „Art & Wine“ кои го организираме заедно со младиот и талентиран уметник Бојан. Среќни сме што Бојан е веќе дел од светот на Кајак.мк, а како организатори со задволство ви го препорачуваме како соработник на ваши настани, без разлика дали тие би се организирале преку Кајак или вие би си ги организирале приватно. Како млад и амбициозен тим, ја сфаќаме тежината на поддршката која секоја компанија може да ја посвети на младите луѓе во Македонија. Затоа чувствувајте се слободни да побарате контак од Бојан преку нас.

Со вработените од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село имавме одлична и пријатна седенка, која резултираше со прекрасно насликани керамички саксии кои завршија во просториите на организацијата. Ова е доказ дека секое патување може да биде доста продуктивно.

Вториот ден од патувањето беше резервирано за посета на село Будинарци. Можеби за вас е непознато селце во Малешевијата, но за нас е приоритетна дестинација на која треба да и се стави акцент. Во село Будинарци живее Ирена, која е доста амбициозна личност што секоја година произведува домашни производи од локални малешевски растенија.

На Ирена досега сме и дале поддршка преку наши пишани текстови, но со овој тим-билдинг и дадовме дирекната поддршка. Декемвриското топло сонце ни овозможи да уживаме во дворот на работилница на Ирена, која куќа ја купила пред само неколку месеци и токму овде инвестира во својот мал бизнис. Таа не пречека со топла насмевка, богата трпеза со многу локални продукти кои за наша среќа имавме доволно место да пробаме од секое од нив. Од домашни сирупи од локални билки и растенија, до мармалади од шумски плодови, локално домашно беровско сирење и мед.

Ирена ќе биде дел од нашите агенди кои ќе ги развиваме во Берово, бидејќи е мал и локален бизнис кој заслужува поддршка. Берово во иднина ќе биде една од нашите приоритетни дестинации за тим-билдинг бидејќи воздухот, околината, луѓето и храната- живот значат.

Ви благодариме „СОС ДЕТСКО СЕЛО“ што ни ја додадовте довербата, отсега сте дел од нашата еко-фамилија.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment