Прв логорски оган организиран на тим билдинг на компанијата BestWay Solutions

Тим билдинг во Берово

Замислете си акустична гитара, добро подготвен простор со столчиња за цела компанија вработени, пијалоци и оган кој ќе ја стимулира свежината на беровските ноќи?

Логорски оган и река, акустична гитара за седенка покрај огинот со добро друштво колеги. Ова се само дел од моментите кои ги уживаа вработените на компанијата BestWay Solutions кои изминатиот викенд го истражуваа Беровскиот и Пехчевскиот крај.

Агендата ни започна со ручек на една прекрасна локација во село Црвулево, каде уживањето во приватноста и природата е причина поради која го одбравме оваа селце како почетна станица на нашата дводневна тим-билдинг приказна.

Денот ни заврши во Берово, каде покрај вечерата, уживавме во првиот организиран логорски оган покрај реката Брегалница. Замислете си акустична гитара, добро подготвен простор со столчиња за цела компанија вработени, пијалоци и оган кој ќе ја стимулира свежината на беровските ноќи? Ова е едно поинакво искуство кое вработените на BestWay Solutions имаа можност да го уживаат.

Покрај Берово, драго ни е што Пехчево, (да не речеме како една потценета дестинација) се најде на нашата тим билдинг агенда. Доколку нам нѐ прашате, ќе ви потврдиме дека Пехчево треба да биде дефинитивно на вашата листа на дестинации на кои може да најдете вкусни локални јадења.

Марјан, нашиот локалец, успеа да ни ги претстави убавините на Пехчево, да нѐ одведе до водопадите и да ни ги раскаже сите делови од регионот, а по турата, за храната која ја гледате на фотографијата се погрижи Ѓорѓи, кој веќе со години работи на промоција на гастрономијата во Пехчево.

За оние кои размислуваат дали да го искусат Берово како дестинација за тим-билдинг, ние ви гарантираме дека храната, природата и воздухот ќе ви ги наполнат батериите за време на вашето патување.

Драго ни е што компанијата BestWay Solutions, има толку позитивни, насмеани и „кул“ вработени кои знаат како да го уживаат моментот со своите колеги.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment