НОВО

Шато Сопот – Велес: Хотелски дел и гостопримство

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Шато Сопот – Велес. Овој хотел може да се резервира преку kajak.mk само за групи од над 20 лица. Доколку сте заинтересирани за групна резервација, ве молиме испратете барање со прецизно наведени датуми, број на гости и типови на соби што ви се потребни. Врз основа на вашето барање, ќе ви подготвиме персонализирана понуда во согласност со достапноста и условите на хотелот. Во случај хотелот да не располага со доволен капацитет за посочениот период, ќе добиете навремен одговор. Индивидуални резервации не се прифаќаат и ќе бидат автоматски откажани.


Макс. Капацитет : 20
Кревети : 20
Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Изолирано
Несекојдневно
Гастрономско

Хотелскиот дел на Шато Сопот – Велес претставува уникатна бутик-локација која нуди комфорен престој во срцето на винскиот регион Вардарија. Сместен помеѓу долината на реката Вардар и езерото Младост, хотелот е дел од винскиот комплекс кој вклучува и винарска визба, ресторан и простор за дегустации.

Хотелот располага со десет елегантно уредени соби и апартмани, кои се идеални за кратки и долги престои. Секоја соба е опремена со современи удобности, а некои нудат прекрасен поглед кон винските насади и природата околу.

Шато Сопот е познат по своето гостопримство, каде што виното, храната и погледот се спојуваат во незаборавно искуство. Ресторантот нуди македонска, балканска и медитеранска кујна, подготвена со свежи локални состојки. Гостите можат да уживаат во оброците во опуштена атмосфера со прекрасен поглед на околината.

Винските дегустации се достапни во винската визба, каде што посетителите можат да пробаат различни вина од сопствените лозја на Шато Сопот. Дегустациите се можни во винарската визба, ресторантот или дури и во самите лозја, што додава на автентичноста на искуството.

Шато Сопот е идеално место за организирање на различни настани, како што се свадби, корпоративни собири, родендени и други прослави. Комплексот нуди различни простори за настани, вклучувајќи и отворени простори со поглед на винските насади, што го прави секој настан посебен и незаборавен.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување