НОВО
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Планинска вила во Маврови Анови со панорамски поглед и простор за целото друштво

Mavrovo
Цена од:

7,800.00 ден

Вклучено во цена:

  • Наем на целата куќа: 7.800 денари / ноќевање
  • 2 лица: 6.600 денари / ноќевање
  • 3 лица: 7.000 денари / ноќевање
  • Цената за наем на целата куќа се движи од 100 до 170 евра, во зависност од периодот на престој.
  • Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Планинска вила во Маврови Анови со панорамски поглед и простор за целото друштво. Mожете да резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 8
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Pet Friendly

Доколку барате пространа планинска куќа каде ќе уживате во мир, природа и поглед кон Мавровскиот регион, оваа вила во Маврови Анови е идеален избор. Сместена на тивка улица со прекрасен поглед од сите страни, вилата нуди приватност, удобност и одлична почетна точка за истражување на целиот мавровски крај.

Локација:
Маврови Анови

За сместувањето

На гостите им е достапна целата куќа, целосно опремена за удобен престој.

Вилата располага со:

  • Две спални соби со брачен кревет и дополнителен единечен кревет
  • Пространа дневна соба со два единечни кревети (90 × 200 см)
  • Летна соба (студио) со уште два единечни кревети

Вкупниот капацитет е до 8 гости, а во објектот има 8 кревети.

Опременост

Куќата е опремена со сè што е потребно за подолг или пократок престој:

  • Целосно опремена кујна
  • Electrolux шпорет
  • Air Fryer
  • Електрично ѓезве
  • Kettle
  • Lavazza A Modo Mio апарат за кафе
  • Голем Smart TV (65 инчи)
  • Интернет преку USB модем (по потреба)

Паркинг

На располагање се:

  • 2 приватни паркинг места
  • Дополнително 1 место доколку соседите не се присутни
  • Уште 3–4 паркинг места веднаш под вилата

Локација и околина

Вилата се наоѓа на мирна и тивка улица со прекрасен панорамски поглед и безбедна околина.

На околу 7 минути пешачење се наоѓаат:

  • Полициска станица
  • Аптека
  • Маркети
  • Кафулиња
  • Ресторани

Атракции во близина

Од вилата лесно можете да ги посетите:

  • Мавровско Езеро
  • Бунец
  • Леуново
  • Врбен
  • Галичник
  • Дуф
  • Трница
  • Бигорски Манастир
  • Тресонче
  • Гари

Благодарение на нејзината локација, вилата претставува одлична почетна точка за истражување на целиот западен регион на Македонија.

Прошетки и активности

Во околината можете да уживате во:

  • Пешачење
  • Планинарење
  • Посета на традиционални мијачки села
  • Разгледување на природните убавини на Националниот парк Маврово
  • Еднодневни излети низ целиот западен дел на Македонија

Пријава и одјава

  • Check-in: од 14:00 часот (флексибилно)
  • Check-out: до 11:00 часот (флексибилно)

Клучот од сместувањето го предава сопственикот или лице задолжено за прием на гости.

Хигиена

Постелнината и пешкирите се менуваат:

  • По секое заминување на гости
  • На секои 6 дена при подолг престој

Дополнителни информации

  • Домашни миленици се дозволени.
  • Обезбеден е простор за оставање велосипеди.
  • Греењето е обезбедено со дрва и дополнителни греалки.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување