Хотел Боград: Струга

Struga
Цена од:

3,707.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за двајца за едно ноќевање со појадок
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi
  • ТВ
  • Редовно чистење
  • Паркинг за автомобили

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Хотел Богард Струга, можете да го резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 22
Кревети : 22
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Хотел Боград се наоѓа во центарот на град Струга, веднаш до новото шеталиште и во срцето на Струшката чаршија. Плажите се на 200 метри од хотелот. Тој е луксузно опремен и има оригинални архитектонски модерни решенија и запазени светски стандарди за работа и квалитет.

Хотелот располага со 22 соби, 8 стандард соби, 9 супериор, 3 Делукс и 2 Апартмани.
 Вкупно има 22 легла, од кои 22 постојани плус  22 помошни.

Секоја соба има тоалет, ТВ со MAX TV канали, Мини бар, плакар, сеф, клима уреди, помошна масичка, шампон, сапун, средство за дезинфекција, бокал за топла вода, кафе, чај.

Хотелот има wi-fi и е бесплатен за гостите.

Хотелот има приватен паркинг за автомобили. Максималниот капацитет е 10 автомобили.


Хотелот е во самата струшка чаршија. Во близина има продавници, банки, менувачници, Шеталиштето и реката Црн Дрим се оддалечени на околку 100 метри од хотелот, а најблиската плажа е на 200 метри. Во непосредна близина се наоѓа Спомен домот на браќата Миладиновци, Црквата Св. Никола, Спомен галерија "Вангел Коџоман" и Музејот „Д-р Никола Незлобински“.

Соседството е мирно и тивко, во пешачка зона.  Иако хотелот е во самата чаршија, гостите можат да бидат комотни и нема да слушаат врева.

Сместувањето е по 13:00 часот
Одјавувањето е до 11:00 часот

Клучот се подига од самата рецепција.

Пешкирите се менуваат секој ден, а потелнината се менува на секои 3 дена. На барање на гостинот постелнината може да се менува и почесто.

Цените се формираат во зависност од сезоната и капацитетот на пополнетост на собите. Во период на летната, зимската и сезона на празниците цени се покачуваат. Најниска цена која е достапна е 50 евра од ноќ, за двајца, со појадок.

Во хотелот не е дозволен влез на домашни миленици, а истиот располага со простор за оставање на велосипеди.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Vaska

    16.07.2022 20:24

    Kolku košta noćevanje za 1 osoba ? data:18.07.2022