Апартмани во Копаоник

Srbija
Цена од:

5,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица во апартман
  • Во зависност од терминот, цените може да се движат од 40 до 120 евра од ноќ за апартман
  • Цената е највисока за празници и ек на сезона
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани на Копаоник. Сместувањето на Копаоник можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете вкупна цена, а по понудата можете да потврдите со уплата. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Pet Friendly
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Објектот располага со 3 апартмани кои се четирикреветни.

Еден апартман е од тип студио кое има една пространа просторија со француски кревет и угодна гарнитура на развлекување, комплетно опремена кујна и купатило.

Еден апартман е со една одвена спална соба, дневна соба со угодна гарнитура на развлекување и еден единечен кревет, комплетно опремена кујна и купатило.

Третиот е апартман со две одвоени спални соби, од кои во едната има француски кревет, другата е со две фотељи на развлекување, комплетно опремена кујна, купатило.

Сите апартмани имаат TV, Wi-Fi, интернет и греење на струја.

Сместувањето има Wi-Fi.

Сместувањето има приватен паркинг пред самиот објект.

Максималниот капацитет во сите апартмани е за 13 лица во зависност од возраста.

Сместувањето се наоѓа во прекрасно опкружуање, во близина на ресторани, продавници, автобуска постојка.

Од атракции имате можност за шетање, планинарење, ски активности, параглајдинг.

Соседството е културно и услужливо.

Check in: 14:00 часото, а доколку нема гости претходно може и порано.
Check out: 10:00 часот, а доколку нема нови најави може и подоцна.

Клучот се подига од домаќинот.

Постелнината и пешкирите се менуваат по барање на гостите.

До самото сместување поминува пешачка стаза која е особено интересна за гостите бидејќи е обележана и води до брдо каде има клупи за седење.

Сместувањето дозволува влез на домашни со претходно барање.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди. Објектот располага со прекрасно двориште со инвентар за преку лето, од столчиња, маси и чадори. Како и скара.

Вкупен број на кревети: 12 кревети

Греењето е на струја.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување