Луксузен апартман во центарот на Скопје: До Веро Јумбо

Skopje
Цена од:

3,075.00 ден

Апартман во центарот на Скопје, можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации преку мејл, така е најбезбедно за вас и домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 2
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Wi-Fi

Вклучено во цена:

  • Цената за наем на апартманот се движи од 50 до 70 евра
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартманот има 1 дневна со аголна гарнитура на развлекување, 1 спална (која не е комплетно затворена со врата, видете на сликите) со 1 брачен кревет (king size) 180x200

Во спалната има брачен кревет 180х200, катче за шминкање (со огледало), пегла за алишта и плакар, во дневната има аголна гарнитура на пуштање, смарт тв со логиран нетфликс и телевизија со повеќе од 100 канали, амбиетални светла, мини трпезарија, опремено е со клима за ладење и греење и плус има градско парно во зимскиот период, купатило со голема туш кабина во која има фен

Апартманот има мала кујна која има: мини фрижидер во кој бесплатно следува од нас голема вода и млеко, диспензери со корнфлекс, кафе, чај, благи, исто така бесплатно од нас, бокал за загревање на вода, лавабо и др.

Апартманот има Wi-Fi.

Апартманот нема приватен паркинг. Гостите може да паркираат во ВЕРО Јумбо или на улица (ПОЦ).

Максимален капацитет на гости е 4 лица.

Во близина на сместувањето се наоѓа железничката и автобуска станица на Скопје, плоштадот и градскиот трговски центар.

Check in: 14:00 часот, без ограничување за времето на стигнување (има опција за self check-in)

Check out: 10:00 часот

Клучот се подига или од домаќините или self check in.

Постелнината и пешкирите се менуваат на 4 дена доколку гостите останат подолго од 4 ноќи.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето нема простор за остава на велосипед надвор.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување