СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

PentLux Luxury Apartments 50

Skopje
Цена од:

9,200.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на апартман од ноќ
  • Цената се намалува доколку гостите останат повеќе од едно ноќевање
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi, Netflix, PS4
  • Сауна/Џакузи
  • Смарт технологија

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна
  • Паркинг

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 2
Кревети : 2
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Wi-Fi

PentLux Luxury Apartments располага со 2 апартмани со по еден брачен кревет и една софа. Престојот во апартманите се препорачува да биде за две лица.

Апартманите располагаат со сопствено џакузи кое има моќни мотори за масажа, сауни со дигитални контролери на допир, проектори со платно и сараунд систем, целосно опремени кујни, смарт тушеви кои ја оддржуваат темературата на водата при тушиеање, опција за туш масажа во едниот и водопад во другиот апартман.

Апартманите имаат смарт технологија за осветлување, а најавувањето и одјавувањето од апартманите е преку селф смарт систем, што ви овозможува полесен check-in и check out од апартманот.

Апартманите располагаат и со PS4 конзоли. Апартманите имаат квалитетни душеци и сатенски постелнини за максимално уживање и релаксирање.

Кујните се комплетно опремени со микро, рерна, фрижидер, плотни, кафемати, бокали за топла вода, машина за садови и слично.

Апартманите располагаат со Wi-Fi конекција.

Сместувањето нема приватен паркинг и истиот е со најава.

Апартманите се наоѓаат веднаш наспроти зградата на Владата.

Check in: По 13:00 часот и флексибилно во текот на денот.
Check out: 11:00 часот, а доколку гостите имаат посебно барање сопствениците може да им излезат во пресрет.

Постелнините и пешкирите се менуваат доколку гостите останат подолго време.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици но зависи од големината на миленичето.

Домаќините може да организираат и приватен автомобил и водич доколку гостите имаат потреба од тоа. 

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ivana Arsenijević

    22.06.2022 12:29

    Da li je apartman slobodan 28.jul, jedno noćenje? Da li može četvoročlana porodica, deca 3 i 9 god? Hvala.