10.12.2022

Ова ни е прва година како винарија, a цел живот егзистираме од земјоделие

Ова ни е прва година како винарија, a цел живот егзистираме од земјоделие

Работната седмица ќе ја заокружиме со една доста мила и драга приказна за семејството Атанасови од село Дреново, кое целиот свој живот егзистира од земјоделие, особено лозарството кое им е нивна претежна дејност.


Тимот на Кајак.мк сака да ве информира дека производите од фамилијата Атанасови можете да ги нарачате во секој момент од нашата бакалница, или со еден клик ОВДЕ. Секоја направена нарачка за нив е нова поддршка. Така што наш совет е да одвоите средства за новогодишни подароци за вашите најблиски купувајќи производи од мали локални занаетчии и земјоделци. Со тоа ќе ги направите среќни и локалците и вашите блиски и сакани.


Семејството Атанасови ни ја раскажаа приказната за нивната нова семејна мала винарија „Тодор“ која е официјално регистрирана оваа година или во месец септември.

Винаријата се наоѓа во село Дреново, Кавадарци, каде воедно се наоѓаат нивните лозови насади, непосредно во близина на археолошкиот локалитет Еударис на 5 километри од селото.


Фамилијата Атанасови долги години работи и егзистира од земјоделие каде претежна дејност е лозарството. Првите лозови насади ги имаат од нивниот прадедо Тодор некаде во 70-те години, а како наследство ја добиваат сорта Вранец, од која прават црвено вино Вранец и со кое до денес се гордеат.


Земјоделските обврски и оддржувањето на лозјето го презема Атанас кој е син на Тодор, а ако се прашувате зошто оваа винарија се нарекува „Тодор“ сметаме дека веќе ви е сосема јасно. Винаријата ја основаат Тодор и Валентина кои се внуци на Тодор, а кои одлучуваат да стават печат на долгодишниот труд.


Поради блискоста на археолошкиот локалитет, виното од сортата вранец денеска го носи името Еударист, а имаат и уште една сорта на црвено вино со назив „Плочата“ кое е мешавина од вранец, смедеревка и мала количина на сортата отонел.


Покрај виното, винаријата „Тодор“ произведува и маџун и оцет на стар традиционален начин без додатоци од ароми и засладувачи. Годишната количина на вино е од 5000 до 7000 литри, а маџунот од 800 до 1000 литри.


Во иднина имаат план да отворат свој мал вински ресторан во кој гостите ќе имаат прилика да ги конзумираат нивните вина во комбинација со традиционалната храна од Тиквешкиот регион.

Виното, маџунот и оцетот, можете да ги нарачате и купите од бакалницата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!