16.05.2022

Предлог пикник дестинација: Рибничка река

Предлог пикник дестинација: Рибничка река

Дали сте слушнале за Рибничка Река која важи за една од најголемите притоки на реката Радика?

Доколку не сте слушнале, овде е Борис Ѓеровски, нашиот локален херој кој преку прекрасни фотографии ја промовира позитивната и убава страна на реката која за него е една сосема кул дестинација за еднодневен пикник или за повеќедневно кампување.


За оние кои во моментов додека го читаат четивото се прашуваат како да стигнат до ова локација, еве повеќе инструкции:

·         До реката се стига преку регионалниот пат Маврово-Дебар. Непосредно по комплексот Кораб Трница во правец кон Дебар, треба да се исклучите од регионалниот пат во правец на селата. На самото исклучување се поминува преку мост под кој Рибница се влева во Радика.

Ако пак се прашувате кој предел е идеален за пикник, Борис го препорачува пределот во близина на местото Трница, непосредно пред Радика.


Штом пристигнете на местото, најпрво ќе се воодушевите од бистрината на водата. Затоа наш совет/препорака е постојано да носите со вас вреќа за отпадоци и во никој случај да не го оставите отпадокот на местото кадешто ќе кампувате, а во никој случај да не го фрлите во некоја од шумските корпи за ситни отпадоци, бидејќи тие се чистат ретко.

Оптадокот секогаш треба да биде фрлен во градски контејнер.


Рибничката реката настанува од повеќе извори на планината Кораб, во околината на врвот Бачилски Камен и пределите Горни и Долни Чардак, источно од превалецот Шкртец, на надморска височина од околу 1.920 м, од каде потоа продолжува со спојување на Извирскиот, Бабиниот (Прој и бабес) поток во долот над селото Тануше.


Ова река тече непосредно под селото Рибница по кое и го добила името, по што прима уште две притоки, и тоа Рагалеч од десната и Длабока Река од левата страна, а потоа станува полноводна сè до својата утока во Радика.

Фотографиите се направени од: Борис Ѓеровски (facebook), b.gjerovski (instagram) и raw.wild.adv (instagram).

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Првото сместување во Лозово кое ги отвори вратите за светот на Кајак.мк

Ова е првото сместување од Лозово што станува дел од платформата Кајак.мк, и нуди вистинско бегство од градската врева.

Се отвори нова романтична куќичка на Кајак.мк: Со прекрасен панорамски поглед кон Охридско езеро

Идеално место за оние кои бараат нешто различно, автентично и блиску до срцето на природата.

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!

Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа

Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!

Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.