17.11.2022

Предлог викенд дестинација: Горна Куќа во село Слепче

Предлог викенд дестинација: Горна Куќа во село Слепче

Уште еден викенд пред нас, а дел од вас се уште размислувате каде да ги искористите слободните денови. Затоа ние во Кајак.мк би сакале да ви дадеме еден предлог опција за сместување со гастрономско искуство во регион кој и не е толку многу туристички популарно, а според нас треба да биде меѓу првите регио во кој ќе се развива туризмот во иднина.


Тимот на Кајак.мк денеска ве запознава со уште една гастро дестинација во село Слепче, Демирхисарско, која го носи името „Горна Куќа“.

Овој угостителски објект е од неодамна темелно реновиран, а задржана е само вкусната храна која се служи во овој предел од Македонија.

До „Горна Куќа“ ќе пристигнете по патот кој поминува низ Демир Хисар и води кон село Слепче. До самиот објект можете да пристинете со секаков вид да возило. Патото е асфалтиран и е лесно пристапен.


Домаќините на националниот ресторан велат дека објектот бил изграден во 2009-та година, а сега е целосно реновиран. Претходно служел како локална куќа, за која се одлучиле да препрасне во гостилница, за денеска да биде прекрасен објект кој го нижи својот угостителски успех.

За оние кои сакаат да го искористат времето за прошетка во природа, треба да знаат дека недалеку од ресторанот се наоѓа манастирот Св. Јован Претеча кој можете да го посетите.


За оние кои се прави гастрономи, храна која ви ја препорачува тимот на Кајак.мк во ресторанот е: Ребро, коленица печена во фурна, традиционалите питулици, мазник, зелник, тавче-гравче, домашни и зимски салати. Не заборавајте да нарачате и питулици со лук, сезонски специјалитети од печурки и селксо лепче.


Доколку сакате да погледнете точна локација, повеќе фотографии и да извршите резервација, кликнете ОВДЕ.

Што се однесува пак до сместување во овој крај, тимот на Кајак.мк ви го препорачува сместувањето во Слоештица, кој неодамна го додадовме во нашата база, а кој можете да го погледнете со еден клик ОВДЕ.

Звучи сето ова интересно за еден добар викенд во природа?

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?