04.04.2023

Го одржуваме животот на Стара Воденица со вкусни специјалитети

Го одржуваме животот на Стара Воденица со вкусни специјалитети

Вевчани е дестинација позната по старите воденици кои се во функција. Доколку прошетате низ Вевчани сигурно ќе слушнете од локалните мештани дека во Вевчани се уште има воденици кои се во функција и кои им се на располагање на мештаните, а многу од рестораните кои се дел од гастро базата на Кајак.мк ги користат овие воденици.


Кога сме кај водениците, денеска ќе ве запознаеме со „Стара Воденица Октиси“ која веќе 7 години испишува своја вкусна гастро приказна. Ако размислувате каде да ги поминете пролетните викенди, тимот на Кајак.мк ве советува да си организирате една гастро тура низ Вевчани каде ќе вкусите разни специјалитети подготвени по рецептите на локалните баби.


Ресторанот „Стар Воденица“ од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Домаќинот Томор кој ни ги отвори портите за светот на Кајак.мк вели дека оваа место е своевидна зелена оаза која се наоѓа помеѓу Октиси и Вевчани.

Уникатноста на самиот ресторан е местоположбата. Од едната страна се падините на Јабланица, а низ самиот ресторан поминуваат дел од вевчанските води кои призведуваат спокоен жубор додека вие уживате во вкусната храна.


Овој регион е познат по локалните специјалитети кои се подготвуваат на традиционален начин и според старите рецепти. За оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот, тимот на Кајак.мк ги советува да вкусат јагнешки и телешки ребра во фурна, воденичарска плескавица со кајмак. Овде може да се вкусат и селски предјадења како кашаник, пиперки во кајмак, ајвар, макало и уште неколку предјадења, а за десерт исклучиво домашно благо.

Повеќе информации за локација, капацитет и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Toni rufa

    01.12.2023 18:51

    Cosa voi chiedere a la vita? cibo ed tranquillità!!! Qui trovi tutte le volte che vai buon cibo ed un personale eccellente.

  • Ifet Dervishoski

    04.04.2023 18:08

    Super je eksta je restoranot stara vodenica dojdete i sami uveretese

  • Goce Bakuleski

    04.04.2023 13:46

    Prekrasno mesto za relaksacija prekrasni luge sto go rabotat lokalot sekogas da bidat zdravi i zivi i uste mnogu god da go rabotat

Прочитајте повеќе

Вила со базен и раскошен двор во околината на Скопје

За оние кои работат он-лајн и имаат простор за движење низ државата, наш предлог е да се преселат овде на одреден период, а доколку имаат домашни милениче треба да имаат до знаење дека овде може да го понесат и своето милениче.

Планинска вила со базен во која секој мора да престојува!

Вилата се наоѓа во село Бигла. Сместена во село од разбиен тип со лесно пристапен асфалтен пат. Вилата располага со отворен базен идеален за разладување во летните периоди.

Вила на Беровско езеро идеална за цело друштво

Исто така, ова шармантна вила дозволува влез на домашни миленици, што ќе ви го збогати вашето патување со нови спомени со вашето домашно милениче.

За првпат во Македонија: Дрвени бунгалови со базен во село Стрезовце

Базенот е со димензии од 12x6, а покрај базенот има и летниковец со фурна и скара за максимално уживање на гостите.

Дали сте ја посетиле винаријата Queen Marija во Демир Капија?

Винаријата има свои сместувачки капацитетити за оние кои сакаат да останат на подолг период. Во самото дворче има високи дрвја кои обезбедуваат сенка во зеленото дворче.

Дали сте го посетиле рибниот ресторан Riverside на реката Треска

Ентериерот е автентичен на ресторанот. Менито е богато со локални специјалитети и риба. Музиката е пријатна и идеална за амбиентот и просторот.