25.03.2020
9 начини да ги научите вашите деца за светот без напушање на домот!
9 начини да ги научите вашите деца за светот без напушање на домот!
9 начини да ги научите вашите деца за светот без да го напуштите домот!
Штом го читате Кајак.мк вие сигурно сакате да патувате. Нашата платформа е
единствената од ваков карактер во нашата земја која нуди секакви решенија за
патување, а ги агрегира сите понуди од сите туристички агенции на едно место. Дали
сакате да патувате низ светот со вашите деца, но се наоѓате ограничени со
финансии, училишни одмори и, сè повеќе, грижа од влијанието на кронавирусот врз
вашето семејство?
Ние ви нудиме
совети за тоа како да го едуцирате повеќе вашето дете околу патувањата и географијата.
1. Прочитајте
книги со факти и атласи
Сигурно многумина
од вас дома се уште ја чуваат книгата „Илјада зошто, илјада затоа“. Интересна
книга која содржи точни податоци за многу важни места во светот. Воедно, кој
рече дека Атласот не е кул? Ова е вистинското време да го отворите вашиот стар
атлас и да му покажете на важето дете доста битни работи и градови во него.
2. Оставете ги да
бидат креативи
Дозволете им на
децата да креираат нови кајаци, да ги пловат во купатилта. Дозволете им да
прават хартиени авиони, да цртаат, лепат, да формираат животински царства.
3. Направете
кулинарска турнеја
Дали има подобар
начин да запознаете друга култура ако тоа не го правите преку нејзината храна?
Ако не можете да добиете искуство од прва рака и да ги дегустирате овие
традиционални специјалитети во друга земја, тогаш направете ги дома. Интернетот
е доста од корист кога станува збор за готвење. 
4. Звуците на музиката
Запознајте го вашето дете со Ману Чао. Од каде овој изведувач потекнува? Зошто
е толку специфична неговата музика и прашајте го што кај него овие звуци
пробудуваат? Вториот ден нека биде друг изведувач кој во својот ритам го има
вметнато традиционалното.

5. Обидете се со јазични апликации и квизови преку Интернет
Со апликации и
игри има многу можности да научите додека се забавувате. Селектирајте држави,
погодувајте знамиња, химни, животни и друго. Duolingo (за изучување јазик),
DimDomWorld Map за држави. Благо ви ги препорачуваме.
6. Вклучето го
телевизорот на документарни серии
Денеска совршена можност ви е да го конектирате вашиот компјутер со
телевизорот. Новинската агенција „VICE“ располага со доста интересни документарни емисии за возрасни, а има и
доста едукативни канали за најмладите.
7. Купете
сложувалка
Има доста сложувалки кои може да ги поседувате како мали, а може и да му
подарете на вашето дете. Порачете ја преку инетернет, без да излегувате надвор.
8. Примете го
вашето дете да фантазира
Облечете го како грците од античка грција, направете му меч, дадете му идеа
дека живее во одредено време и место.

9. Брза географија
За крај, ви препорачуваме да го тестирате знаењето на вашето дете преку играта
на која секој ќе сака да се приклучи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Најдобрите филмови и серии за патување кои треба да се погледнат во моментов
7 начини како да патувате без напуштање на домот
Како е да живееш во карантин во Италија? Тројца италијани споделуваат приказни.
Сè што треба да знае еден патник за коронавирусот
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.
10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее
Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.
Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови
Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.
Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации
Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.
Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина
Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.