08.11.2022

Вила во близина на езерото Младост

Вила во близина на езерото Младост

Покрај сите планински сместувања кои во периодот се доста атрактивни, тимот на Кајак.мк е во постојана потрага по сместувања кои ги нарекуваме „City Break“ а кои имаат за цел да ви овозможат викенд бегство од градот и уживање во некоја селска средина.


Ваквите сместувања кои секојдневно завршуваат на нашата платформа се идеални и за луѓе кои работат од дома. Добрата зделка со домаќините и закуп на објектот на подолг период ќе ви помогне да ги наполните батериите, а притоа да не бидете отсутни од работа.


Денеска нашата база со приватни сместувања ја надополнуваме со вила Весна, која се наоѓа недалеку од езерото Младост. На 10 минути од винаријата Chateau Sopot. Со еден збор во мирно и тивко соседство.


Домаќинот Александар кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека вилата располага со три апартмани. Секој апартм е опремен со се што е потребно за удобен престој.

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотофрафии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.