24.03.2020
Хотели во земјава наменети за карантин: Во „Ибис Стајл“ сместени 59 лица
Хотели во земјава наменети за карантин: Во „Ибис Стајл“ сместени 59 лица
Во хотелот „Ибис Стајл“ (поранешна Мала Богородица – Систина) вчеравечер се примени првите 59 лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од Косово и е потребно да се во изолација, односно во карантин. Четворица од нив кои имале покачена температура веднаш се испратини на проверка за Ковид 19 во Инфективната клиника, пишува https://skopjeinfo.mk
Во хотелот, како што информираат од „Аџибадем Систина“, се и шест полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои работат во смени. За вработените е обезбедена заштитна опрема од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
-Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик, велат од „Аџибадем Систина“.

Лицата со симптоми на Ковид 19, посочуваат, ќе бидат пренесувани со асистенција на Министерството за здравство во Инфективната клиника.
„Ибис Стајл“ е приватен капацитет кој на располагање на државата го ставија „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“. Двата хотели Ибис Скопје – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ имаат капацитет од 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и три соби се за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со шест семејни соби.

-Овие капацитети беа ставени на располагање без претходни услови, но сепак се заблагодаруваме на соработката со владиниот кризен штаб и известуваме дека трите оброци за изолираните лица ги обезбедува државата во вредност од 600 денари по лице. Сите останати трошоци за сместување, вработени и медицинска поддршка ги покрива Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“, порачуваат од „Аџибадем Систина“, пренеува https://skopjeinfo.mk
СИТЕ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО ПАТУВАЊЕТО И КОРОНАВИРУСОТ ЧИТАЈТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!
- ДАЛИ МОЈАТА АВИОКОМПАНИЈА ЌЕ МИ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈТЕ ОВДЕ!
- ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.