16.05.2022

Организираме кајакарење по Црн Дрим, автентично искуство преку кое ќе научите многу за реката

Организираме кајакарење по Црн Дрим, автентично искуство преку кое ќе научите многу за реката

Сезоната на активен туризам е официјално отворена. Како потврда за тоа ни е денешниот разговор со нашиот локален херој од Струга, Коста Хиохи.

За Коста повеќето од вас сигурно ќе се сетат од минатогодишната приказна која ја споделивме на Кајак, а каде Коста ни раскажа многу повеќе за неговото искуство на вода и за животните копнежи за развој и промоција на Црн Дрим како идеална дестинација за активен туризам.

Денеска сакаме да ве информираме дека во директен контакт со Коста, можете да стапите преку нашата база „КАДЕ ОВДЕ“ или со еден клик ОВДЕ.


За оние коишто ќе покажат интерес да го запознаат Коста, сигурни сме дека ќе запознаат и многу повеќе од убавината на струшкиот регион.

Дел од својот живот Коста го поминува во Романија, каде студира на факултет за физичко образование и спорт со отсек за пловни спортови како кајак, кану, едрење и веслање.


Денеска неговото искуство го пренесува на туристите кои се одлучуваат да прошетат по течението на Црн Дрим со кајак.

Неговото спортско друштво Соларис од Струга постои од 2009 година. Формирано е на иницијатива на неколку ентузијасти, љубители на прироадата и спортските активности кои можат да се реализираат на отворено. Целта на формирањето на клубот била подобра афирмација на потенцијалите кои ги има градот Струга во поглед на спортскиот туризам но пред и се споделувањето на убави мигови во природа со оние кои од различни причини не се наканиле да спортуваат.


„Црн Дрим е прекрасна река која по своето течение плени со својата убавина. Она што го гледаме во градот каде реката е вкоритена со камени плочи по кејот е сосема различно кога сме надовр од него, вели Коста. „Наеднаш се наоѓате во една сурова средина онаква каква што ја создала природата која ви дава импресија дека сте во некоја прашума. Кајакарската тура поминува покрај селата Враништа, ложани, Дабовјани, Ташмаруништа, месноста Теснец, Бигор се до селото Глобочица. Она што е посебно интересно е дека се весла над старото потопено село Глобочица кое во 1963-та година е целосно потопено поради изградбата на истоимената електрана. При самото кајакарење групата се среќа со прекрасна флора и фауна, специфични видови кои исчезнале од градот со процесот на мелиорација, чапји, корморани, видри, речни желки и слично додава тој.

Нивните еко акции се редовни, а тоа го прават на волонтерска основа.


Доколку сакате повеќе информации за турите, како и контакт од Коста, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го македонецот Михаил: Човекот кој го произведува најдобриот македонски џин

Денеска ве водиме во градчето Виница, каде во неговото срце, со полна пареа работи дестилеријата на Михаил Трајков, човекот за кого неговите блиски велат дека е иновативна личност која постојано се впушта во нови предизвици и проекти.

Запознајте ги највредните Македонци: Верка, Миодраг и Драган, кои активно дружат со планината

Во светот на Кајак.мк овие луѓе ги нарекуваме локални херои кои се посветиле на одгледувањето и производство на локална храна за која денеска зборуваат многу нивни верни купувачи.

Дали сте слушнале за Омма: Фармата и вила?

Денеска ве водиме во околината на село Орман, каде во падините на Скопска Црна Гора се наоѓа новоотворениот ресторан „Omma: Farm & Villa“.

Тим Билдинг со компанијата Cosmic Development за крај на летната сезона

Младиот тим на компанијата, полн со енергија за натпреварувања докажа дека Битола има луѓе желни за нови предизвици.

HSO со тим-билдинг во Грција: Море, плажа и нови искуства

Ситонија беше локацијата каде групата млади вработени од HSO уживаа под отвореното сончево небо. Многу музика, дружење и забава.

Планинска викендица на Пелистер идеална за цело друштво

Викендицата се наоѓа во близина на рекичка и опколена со шума што ви дава апсолутно чувство за уживање.