16.05.2022
Организираме кајакарење по Црн Дрим, автентично искуство преку кое ќе научите многу за реката
Организираме кајакарење по Црн Дрим, автентично искуство преку кое ќе научите многу за реката
Сезоната на активен туризам е официјално отворена. Како
потврда за тоа ни е денешниот разговор со нашиот локален херој од Струга, Коста
Хиохи.
За Коста повеќето од вас сигурно ќе се сетат од минатогодишната
приказна која ја споделивме на Кајак, а каде Коста ни раскажа многу повеќе за
неговото искуство на вода и за животните копнежи за развој и промоција на Црн Дрим
како идеална дестинација за активен туризам.
Денеска сакаме да ве информираме дека во директен контакт со Коста, можете да стапите преку нашата база „КАДЕ ОВДЕ“ или со еден клик ОВДЕ.

За оние коишто ќе покажат интерес да го запознаат Коста, сигурни
сме дека ќе запознаат и многу повеќе од убавината на струшкиот регион.
Дел од својот живот Коста го поминува во Романија, каде студира на факултет за физичко образование и спорт со отсек за пловни спортови како кајак, кану, едрење и веслање.

Денеска неговото искуство го пренесува на туристите кои се
одлучуваат да прошетат по течението на Црн Дрим со кајак.
Неговото спортско друштво Соларис од Струга постои од 2009 година. Формирано е на иницијатива на неколку ентузијасти, љубители на прироадата и спортските активности кои можат да се реализираат на отворено. Целта на формирањето на клубот била подобра афирмација на потенцијалите кои ги има градот Струга во поглед на спортскиот туризам но пред и се споделувањето на убави мигови во природа со оние кои од различни причини не се наканиле да спортуваат.

„Црн Дрим е прекрасна река која по своето течение плени со својата убавина. Она што го гледаме во градот каде реката е вкоритена со камени плочи по кејот е сосема различно кога сме надовр од него, вели Коста. „Наеднаш се наоѓате во една сурова средина онаква каква што ја создала природата која ви дава импресија дека сте во некоја прашума. Кајакарската тура поминува покрај селата Враништа, ложани, Дабовјани, Ташмаруништа, месноста Теснец, Бигор се до селото Глобочица. Она што е посебно интересно е дека се весла над старото потопено село Глобочица кое во 1963-та година е целосно потопено поради изградбата на истоимената електрана. При самото кајакарење групата се среќа со прекрасна флора и фауна, специфични видови кои исчезнале од градот со процесот на мелиорација, чапји, корморани, видри, речни желки и слично додава тој.
Нивните еко акции се редовни, а тоа го прават на волонтерска основа.

Доколку сакате повеќе информации за турите, како и контакт
од Коста, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!