НОВО
Накит и креативни производи
Ружица нуди рачно изработен накит и модни додатоци од полимерна глина и епоксидна смола – обетки, прстенчиња, ланчиња, нараквици, пенкала и персонализирани изработки по нарачка.
Вклучено во цена:
- Цената варира од избраниот производ
Ружица изработува уникатен рачно изработен накит и модни додатоци, користејќи полимерна глина и епоксидна смола. Секој производ е комбинација од креативност, деталност и личен пристап, создаден со инспирација и љубов.
Категории на производи:
- Обетки, прстенчиња, ланчиња и нараквици – поединечни или во цели сетови.
- Модни додатоци и брошеви – за коса, јајца, новогодишни лампиони.
- Пенкала од епоксидна смола – изработка само по нарачка.
- Приврзоци – достапни само по нарачка.
- Венчален накит – во план за иднина.
- Персонализирани изработки – веќе готови производи можат да се обојат или нацртаат со акрилни маркери.
Материјали и безбедност:
- Полимерна глина: FIMO и PAPA’S CLAY – безбедна за користење од 12 години па нагоре; се препорачува носење ракавици.
- Епоксидна смола: може да предизвика алергија додека е течна, па работа се изведува со ракавици и маска. Кога е исушена, е безбедна за носење.
Времетраење на изработка:
- Зависи од видот и количината на производот. Едноставните нарачки се завршуваат за 2–3 дена, а сложените се изработуваат по потреба.