НОВО

Ресторан "Different" - Велес, Македонија

Каде во Велес? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторан "Different" - Велес, Македонија Број за контакт: +38978903900

Ресторан "Different" е лоциран во Велес, во непосредна близина на кружниот тек Авона.

Се наоѓа на главната улица "Благој Ѓорев" и е лесно пристепен.

Со својот амбиент потсетува на Италија. 

Прекрасен уреден ентериер со голема фурна од отворен тип, каде може да бидете сведоци на подготвка на храната. Кујна од полуотворен тип, каде можете да имате интеракција со готвачите.

Дрвени маси и столчиња во боја, ѕид од тули, прекрасно осветлување и амбиент.

Надворешноста на ресторанот се состои од мала градина со неколку маси, уредени во Тоскански стил.

Ресторанот Different нуди малку поразлично искуство.

Главната ѕвезда на менито е пицата. Сан Џовани, Диаволо, Трио се само некои од познатите специјалитети кои мора да ги пробате.

Во постудениот период, велешката пита со чаша црвено вино во Different е најдобра комбинација.

Покрај тестото кое е број еден во градот, во ресторанот може да вкусите и уникатни салати, мезалаци кои совршено одат во комбинација со пиво, вино и ракија.

Како поддржувач на локалците, во овој ресторан може да најдете вина произведени во Велес, како Old School Winery.

Персоналот на Different е секогаш блиску до вас да ви помогне во изборот на храна и да ве услужи на најдобар можен начин.

„Different“ е вистинска оаза за љубителите на добрата храна и современиот ентериер.

Со својата уникатна атмосфера, која балансира меѓу елеганција и топлина, „Different“ нуди искуство што го надминува вообичаеното – токму како што кажува и самото име.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар