Семејна винарија Алесто: Село Арвати

Околу Преспанско Езеро Разговарај на Viber Јави се на телефон

Винаријата Алесто го добива својот печат во 2022-ра година, но свое официјално отварање има на 12-јули 2023-та година, кога воедно секој љубител и истражувач на нови голтки ќе може да дојде, да дегустира и да се запознае со вината кои ги произведува винаријата.

Селото Арвати е сместено на околу 3 километри источно од „Големото Преспанско Езеро“, во длабока живописна пазува на планината Баба (за многумина позната како Пелистер), во средишниот дел и од двете страни на реката Шара. Со прекрасен поглед кон езерската ширина и на надморска височина од околу 1000 метри, ова селце е идеално за одмор и релаксација. Селото има богата историја, затоа секој кој ќе се одлучи да го посети со сигурност ќе сака да се врати повторно.

Името на винаријата Алесто го добива како комбинација од имињата на браќата кои стојат позади неа, Александар и Стојанче, кои велат дека на гостите со сигурност ќе им се допадне целокупната атмосфера бидејќи самата локација изобилува со прекрасни пејсажни глетки, зајдисонца, а планинскиот воздух ги полни градите со чистота.

Лозовите насади на винаријата се наоѓаат на две микро локалции на 900 метри надморска височина со застапени сорти како Станушина, Прокупец, Темканика, Вранец и Смедеревка кои се преточени во етикетите кои чуваат историја и мистерија, вели Александар.

Вратите на винаријата Алесто се отворени за секој кој сака да ужива во приказната и секој кој сака да го истражува село Арвати. Група до 20 лица удобно би можела да се смести во винаријата и да ужива во дегустацијата. Затоа не размислувајте, на вакви деца во Македонија им е потребна вашата поддршка.

Контакт: 076387262 Александар

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар