Queen Marija: Демир Капија

Каде во Демир Капија? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Тимот на Кајак.мк постојано вели дека Демир Капија е место каде треба да уживате барем еден ден во годината.

Доколку сте љубители на активниот туризам, прошетките во природа и низ винови лоза, како и посетата на клисурата или пак сакате да ги истражувате околни селца како што е селото Чифлик и долината на кактусите, а денот да ви заврши со убав ручек или вечера, тогаш дефинитивно треба да го посетите регионот на Демир Капија.

Тимот на Кајак.мк постојано вели дека Демир Капија е место каде треба да уживате барем еден ден во годината. Овде ќе најдете многу гасро ќошиња каде можете да уживате во вкусните локални залаци. Овде ќе ја најдете винаријата Queen Marija, каде самата приказна за нејзините почетоци, судбината, подемот и моменталниот развој ќе ве освојат и поттикнат да се вратите повторно.

Винаријата има свои сместувачки капацитетити за оние кои сакаат да останат на подолг период. Во самото дворче има високи дрвја кои обезбедуваат сенка во зеленото дворче.

Храната е одлично парирана со виното кое го произведува и служи винаријата. Овде ќе најдете бели, розе и црвени вина, од кои дел е квалитетно барикно вино.

Винаријата е лесно достапна, се наоѓа во непосредна близина на автопатото Скопје-Гевгелија, со исклучување на Демир Капија.

Контакт за резервација: +38971257203

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар