Конак Калин Камен

Каде во Крива Паланка? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервација: 078 366 177

Базата на Кајак.мк секојдневно си крчка со нови гастрономски дестинации кои ни привлекуваат се повеќе љубители на добиот залак на нашата платформа.

Секојдневно ве запознаваме со нови домаќини и локални херои кои прават се од себе за да го развиваат локалниот туризам во нивниот крај. Денеска ќе ве запознаеме со Сашко Митовски, домаќинот на конакот „Калин Камен“ кој ги отвори своите порти за вистинските гурмани и патувачи.

Сашко ја сподели приказната за настанокот на конакот. Овој објект постои од 2002-та година како планинска карабина, но од јуни 2021-та до истиот месец наредната година овој објект ја добива својата нова надоградба и започнува да гункционира како ресторан кој нуди прекрасен поглед и вкусна храна. Конакот е стациониран на 1500 метри надморска височина на Осоговските планини. За да стигнете до конакот треба да се упатите кон патниот правец до манастирот Св. Јоаким Осоговски, а по посетата на манастирот да продолжете нагоре кон врвот Калин Камен, каде попатно ќе го сретнете конакот.

До манастирот можете да пристигнете и со автобуски превоз, но до конакот можете исклучиво со автомобили, мотори или други помали транспортни возила. За оние кои ќе се одлучат да го посетат конакот, наша препорака е да го посетат и езерото кое се наоѓа погоре од конакот, а кое е одлично за уживање. Сашо вели дека гостите го сакаат ова место пред се поради природните убавини со кои избовилуваат Осоговските планини, зеленилата, дабовата, буковата и боровата шума и секако прекрасните ливади.

Што се однесува до специјалитетите на куќата, овде ви препорачуваме да се нагостите со домашни зелници, баница, пита под сач, качамак, месо подготвено на повеќе начини, како и специјалитетите на куќата: Плескавица Калин камен, како и јунешкиот бифтек. 

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар