Осоговски Бисер: Калин Камен

Каде во Крива Паланка?

Нашиот тим ве води на Калин Камен на 12 километри од градот Крива Паланка каде што се наоѓа ресторанот Осоговски Бисер.

Нашиот тим ве води на Калин Камен на 12 километри од градот Крива Паланка во новиот ресторан Осоговски Бисер. Портите на ова нова гастро дестинација која од денеска е дел од нашата база ни ги отвори Ангела и воедно не запозна со самото место.

Станува збор за новоотворен објект кој своите први гости ги нагостува на 10.06.2023-та година.

Ресторанот има капацитет за 150 лица, а покрај уживањето во ресторанот и свежиот планински воздух, гостите имаат можност и да ноќеваат. Самиот комплекс има нови апартмани, апартманите можете да ги погледнете и резервирате со еден клик ОВДЕ.

Ресторанот има разновидни специјалитети, а овде може да се вкуси една од најубавите специјалитети- „Осоговската плескавица“, „Бисер тавата“, „Зелникот со блитва“, „Домашниот колбас“ и друго.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар