Ресторан Борче: Крива Паланка

Каде во Крива Паланка? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторанот Борче или како што локалните мештани милуваат да ја наречат Борчевата кафеана е наша нова гастро дестинација во базата на Кајак.мк.

Ако ги прашате локалните жители на Крива Паланка за тоа кој угостителски објект служи локална и традиционална храна, во многу од оговорите ќе го слушнете ресторанот Борче. Ресторанот се наоѓа во помеѓу Крива Паланка и селото Конопница, во мирно и пријатно зелено опкружување.

Неговото дворче кое ви нуди прекрасна изолираност ги привлекува локалните редовни гости, а во него честопати може да се забележат и гости од соседните земји кои слушнале за ресторанот. Ресоранот има отворен и затворен дел. Отворениот простор ви нуди прекрасен поглед кон осоговските падини, а внатрешниот дел работи во текот на цела година.

Контакт за резервации: 070 557 308 или 070 533 826

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар