Етно гостилница Воденица 3

Каде во Крива Паланка? Разговарај на Viber Јави се на телефон

До Воденицата може да се пристигнете со лесни моторни возила или со мини автобуси. Имајте предвид дека асфалтниот пат не е пристапен за големи автобуси.

До Воденицата може да се пристигнете со лесни моторни возила или со мини автобуси. Имајте предвид дека асфалтниот пат не е пристапен за големи автобуси.

Ресторанот постои од 2010-та година, а за многумина е гастро дестинација која ги полни батериите со помош на прекрасната зелена природа која го проголтува ресторанот.

Рестранот е познат по уникатната и вкусна храна зачинета со беспрекорна услуга и прекрасен планински амбиент покрај самата Дурачка Река.

Оние кои ќе се одлучат да го посетат, совет од тимот на Кајак.мк е да дегустираат Боденичарска плескавица, Тава Воденица и сите салати со локални свежи производи.

Контакт за резервација: 031 374 800

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Роберт

    04.05.2025 10:20

    Ова беше едно од најпонижувачките искуства што некогаш сум ги доживеал во ресторан. Наместо елементарна култура и услуга, добивме игноранција, пасивна агресија и крајна непрофесионалност. А сега за „менаџерот“ – човекот буквално треба да се тргне од работа со луѓе. Арогантен, надмен, без основна способност за менаџирање. Местото не само што не нуди храна што вреди, туку ви сервира непочит и понижување.Ова не е ресторан, ова е школски пример за тоа како НЕ СЕ РАБОТИ со гости. Апсолутно одбивно искуство – и до сите што размислуваат да одат: НЕ ТРОШЕТЕ ВРЕМЕ И ПАРИ!

  • Стојанче

    04.05.2025 10:11

    "Менаџерчето" тешко исфрустрирана фаца со IQ не повеќе од 70 (да бидам дарежлив). Да не бевме со дете мало и од подалечен пат, немаше ни да се доближам до масата. Јадењето од 8-9 порции дали 2 беа како што треба, другото се беше ладно/невкусно. 2/10 Не си го трошите времето да доаѓате до тука. Поздрав

  • Aleksandar

    04.05.2025 09:55

    Месотот е супер, менаџментот е катастрофа. Пред 10тина денови закажав маса во ресторанот и потенцирав да биде надвор, преку телефон ми кажаа во ред најкасно до 13ч. Јас сум од Штип, до Ресторанот според google maps имаше 1ч и 40минути. Тргнавме во 11 часот и нешто пред 13ч стигнавме до локацијата (последните 3.5 км беа катастрофа и едвај се стигнува до таму на тесната улица со паркирани автомобили наоколу). Кога стигнавме паркинг немаше така што дополнително баравме паркинг и во ресторанот пристигнавме во 13:15. Отидовме до кај т.н. "менаџерче" ја земеме резервацијата, не гледаше со презир како да сме му направиле најголемо зло па на листот пред него го прешкрта моето име и кажа не сте надвор внатре сте, касните. На неговата т.н. "десна рака" му рече носи ги внатре. Една девојка од нашето друштво по кратка дискусија му рече дека ќе напише лоша оценка за ресторанот на што тој дрско врати "ако сакаш напиши веднаш". Бевме изморени од патот и од барањето паркинг па немавме многу избор и седнавме во ресторанот внатре. По извесен период наши познаници ослободија маса надвор (без резервација од-до временски период) каде што требаше да бидеме и ние, веднаш отидов до кај "менаџерот" му ја кажав ситуацијата за масата надвор и дека сакаме да се преместиме, на што типот дрско одговори не може. Му реков масата е слободна и го прашав зошто не може? На тоа тој одговори преместете се и нема да ве служиме?! Се зачудив како може некој да има таков однос со гости, меѓутоа брзо се присетив каде се наоѓам :)), му реков дека "е во посебен филм" и си влегов внатре. За главното јадење чекавме околу 2 часа вкупно, од кои првиот час по порачување стигна главно јадење за 2ца од масата, а за останатите 6 по 1 час. И покрај тоа што чекавме 2 часа, на неколку од нас храната веќе беше ладна. Голема штета за такво прекрасно место во природа, да има таква лоша услуга. Се надевам дека коментарот ќе им помогне на многу луѓе во донесувањето на одлука дали ќе го посетат локалот, поздрав и секое добро!