Контакт: Тел.: +389 70 251 257 Моб.: +389 71 207 833 Е-маил: [email protected] [email protected]
Денеска на платформата
на Кајак.мк додаваме една скромна, стара и задржана приказна за семејството Алчинови,
кои со генерации наназад се заминаваат со производство на мед, а нудат и разни услуги
кои може да се користат во нивната пчеларска фарма.
Ова за нас од
Кајак.мк претставува уште една уникатна гастро-дестинација која може да биде
дел од вашата агенда за тим-билдинг и друштвени патувања, индивидуални и
фамилијарни посети и истражувања на регионот на Гевгелија.
Ние стапивме во
контакт со Кристијан Алчинов, млад и амбициозен пчелар кој гордо ни ја раскажа
приказната за почетоците на плечарската фарма „Алчинов“.
Оваа семејна
пчеларска традиција започнува од 1878 година во село Старо Конско, Кожуф планина,
од пра-пра дедото на Кристијан, Ристо Алчинов (1858-1963), кој на својата 20-годишна возраст
"уловува" диви пчели и ги населува во примитивни улишта - трмки. Оттука, неговиот син, пра-дедото Трајко Алчинов
(1905-1993), продолжува со одгледување на пчелните семејства, дури и по преселбата
во Гевгелија, ги оддржувал пчеларниците и во селото и во градот, се до 1960 година,
кога од Германија ги носи првите Дадант-Блатови кошници, современи улишта со подвижни
рамки и зголемено производство.
Медот и пчелните продукти, кои ги произведувала домашна пчеларска
фарма, биле пласирани како на локалниот Гевгелиски пазар, неговиот дуќан во старата
Гевгелиска чаршија, а често продавал
и на странците кои поминувале со воз низ Гевгелиската
железничка станица. Дедото на
Кристијан, Ристо Алчинов (1930-2022), син на пра-дедо Трајко Алчинов, имено
главен санитарен инспектор на Гевгелија во СФРЈ, продолжува со пчеларството со околу
150 пчелни семејства и развива уште 2 пчеларника и применува почетна номадска техника
на селидбено пчеларење, т.е. преселба на пчелните семејства на испаша.
Денес, Трајко
Алчинов, кој е татко на Кристијан, активно и професионално се занимава со пчеларство од 1980-тите до
2000-те години, каде што прави суштинска промена во пчеларската техника, од Дадант-Блатови
кошници во Фаррарови кошници, кои се за професионална употреба и интензивно пчеларење.
Исто така, го издигнува номадското пчеларење (селидбено) на професионално ниво,
со примена на платформи и контејнери.
Кристијан и Бруно Алчинови, како 5-та генерација пчелари во фамилијата,
активно и професионално вклучени во
пчеларската дејност од 2017 година, ја
до-оформираат „Пчеларска Фарма АЛЧИНОВ“, со комплетно производство на сите
пчелни продукти, како мед, полен, перга, прополис, восок, матичен млеч и пчелин отров,
како и нус производи како креми, природни чаеви и восочни свеќи, присутни на домашниот
и странскиот пазар.
Пчеларска Фарма АЛЧИНОВ е вратена во својот полн капацитет
во 2017 година. Од тогаш до ден денес е вложен огромен труд, енергија и ентузијазам, за до-усовршување на професионално ниво, но и
модернизирање на производството со современи алати, машини, направи и техники.
Сето тоа, во симбиоза со традициналното пчеларење и оддржување високо ниво на
квалитет.
Кристијан вели
дека во 2020-та
година, одлучиле да го отпочнат проектот апи-тераписки центар,
каде што би биле достапни и друг тип на услуги и производи од вредните пчелки,
а тоа е апи-инхалација, вдишување на пчелниот воздух, кој е исклучително
подобен за сите респираторни и кардио-васкуларни заболувања. Пчелниот воздух е
полн со аеросоли, флавоноиди, т.е. испарувања од сите пчелни производи во
пчелното семејство, мед, прополис, матичен млеч, кој директно безбедно се
вдишуваат преку специјални инхалатори во специјализиран објект, наречен
апи-комора. Понатаму апи-терапискиот центар би имал во својата понуда, третман
на убоди од пчели, мали куќички полни со пчелин воздух за преспивање на
пациентите и апи-велнес услуги, кои би вклучувале масажа на телото со мед,
млеко и етерични масла, како и вендузи терапија.
Во 2022 година, на
10-ти јули, ја отвораат вратата на апи-комората,
првата фаза од апи-центарот, каде што имаат 3 инхалаторни станици и капацитет од 3-ца пациенти истовремено да
се инхалираат. Имено, апи-терапискиот центар го носи името на неговиот дедо, Ристо Алчинов, кој починал во јануари 2022 година, на 91
годишна возраст.
Пчеларска Фарма АЛЧИНОВ, располага со вкупно 5 пчеларници, 2 стационарни и 3
селидбени, 1 оплодна станица за пчелни матици, 1 едукативен пчеларник и
апи-тераписки центар Ристо Алчинов, кој се наоѓа во Гевгелија на патот кон село
Мрзенци (спорти хотел Нар), каде што и е стационирана апи-комората и honey
shop.
Доколку сакате да
стапите во контакт со апи центарот, кликнете ОВДЕ.
ЛОКАЦИЈА