Контакт:
Јани и Мелиса велат
дека идеата да отворат една ваква винска соба произлегла од самата пасија која
и двајцата ја имаат кон виното, но исто така и распространетоста на винските
насади кои ги поседува гевгелиското поднебје.
Шетајќи низ
Македонија доаѓаат до сознание дека во земјата има голем капацитет вино кое
треба да биде детално промовирано пред македонската јавност, па оттука одлучиле
да ја преточат идејата во една нова дегустациска приказна.
Започнале со создавање
концет кој пред се ќе биде промотор на уникатни домашни вина, а кој ќе има
главна цел да го поттикне локалното население да преферира повеќе вино отколку жестоки
пијалоци, нешто што во европските медитерански земји како Италија, Франција,
Словенија и Шпанија е доста застапено.
Винските
дегустаци ги парираат со закуски кои соочинуваат сувомеснати и млечни
производи, бидејќи како што вели старата поговорка „На голо не се пие“. Сето
ова е во добра комбинација со квалитетно црвено, бело и розе вино.
За пролетните и
летни периоди, имаат во план да ги комбинираат дегустациите на бело и розе вино
со свежо овошје кое одлично прилега за освежување на телото и умот.
Од DiWine додаваат дека нивната врата е широко
отворена за соработка со сите мали семејни винарии. Цел од нивното постоење е да
им овозможат што е можно поголема поддршка и промоција на нивното вино.
На прашањето од
кого добиле најголема поддршка, Мелиса вели дека тоа е нивното најблиско
семејство и пријателите, но како ветар во грб е самата работна позиција на
Јани, кој е вработен во познатата винарија Бовин од каде што ги набавуваат дел
од нивните производи.
Покрај широката
палета вино, во самиот локал може да се најдат и секојдневни алкохолни и
безалкохолни пијалоци и напивки. Не се исклучува можноста гостите да уживаат во
добар лаф-муабет со шолја квалитетно кафе.
Јани и Мелиса велат
дека вратите на DiWine се
отворени за сите гости. Почнувајќи од оние кои уживаат во добра чаша вино, до
оние кои сакаат да научат нешто повеќе. Среќни се што веќе имаат свои редовни
гости, за кои како што велат, уживаат во уникатниот амбиент.
Денеска, приказната ја испишуваат тие двајцата, но во
иднина се надеваат дека семејството на DiWine
ќе расте. Локацијата на DiWine е во срцето на Старата чаршија во Гевгелија
ЛОКАЦИЈА