Ресторан Саваро: Истибања

Каде во Виница?

Контакт за резервација: 078 373 922

Од денеска во нашата база на „Гастрономија“ е ресторанот Саваро, кој се наоѓа на магистралниот пат од Истибања до Македонска Каменица. За оние кои не слушнале за село Истибања, во ова селце големо туристички потенцијал имаат лековитите геотермални бањи. Низ селото тече реката Брегалница, а над селото се наоѓа Истбањската брана и кањонот на реката Брегалница.

Оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот им препорачуваме да ги посетат двете цркви посветени на Св.Петка и Св.Стефан. Секоја година во септември во селото се оддржува и фолклорен фестивал „Здравоживо“ на кој има доста групи од Македонија и светот.

Домаќините кои ни ги отворија вратите за ресторанот Саваро велат дека објектот работи од 2007та година и до него можете да пристигнете со било каво возило бидејќи имаат голем сопствен паркинг.

Уникатноста на ресторанот е во местоположбата, бидејќи околу ресторанот има природа, зеленило, река, а објектот има голем и простран двор со трева, дрвца и парк за мали деца со разни реквизити.

Гостите бараат локации кои што се надвор од метежот и гужвата, од тие причини чето го посетуваат ресторанот.

Како специјалитети се издвојуваат „Саваро салата“ и поховани тиквички. Исто така, скараа и мучкавицата како специјалитет. Но дефинитивно најбарани специјалитети се издвујуваат рибата, како крапот и пастрмката.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар