Пчеларник: Шу-Ми

Каде во Берово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Број за контакт: 071788640 Борис

Имаме многу уникатни приказни на Кајак.мк кои може да се прочитат, а истите може и да се посетат, да се доживеат и да се вкусат. Една таква приказна која ќе ве поттикне да го стартувате вашиот автомобил и да појдете во Малешевскиот регион е приказната на пчеларникот „Bee Farm“.

Ние разговаравме со Борис Шуперлиски, еден од виновниците за продожување на фамилијарната традиција со одгледување на пчели и производство на мед.

Борис ни раскажува дека љубовта кон пчеларството во неговата фамија е наследена од многу генерации. Имаат податоци дека уште од 1836 година нивните предци се занимавале со оваа дејност. Од дедо Ѓорѓи, дедо Миле кој живеел 116 години, дедо Јован кој бил еден еден од основоположниците на современото пчелараство во Македонија и Југославија, нивниот покоен тато Михаил па се до денес.

Пчеларникот има прекрасна местоположба. Тој се наоѓа длабоко во Малешевските планини до каде можете да се стигне исклучиво пеш или со теренско возило. Нивните пчели овде функционираат од кога Борис се сеќава за него. Околината е чиста и заборавена од цивилизацијата, нема струја, нема интернет, нема телефон и во радиус од 27 километри нема асфалтили населено место. Она што Борис го истакнува како важен факт е дека во околината нема овоштарници, нема земјделие и нема прскање со пестициди. Местото е именувано како „Широки Дол“ и е земјиште каде низ историјата имало римска населба.

За регионот Борис вели дека е богат со стаара длабока дабова шума, опколен со ливади чаеви и разни билки и растенија кои го прават медот со највисок можен квалитет кој досега има добиено многу златни медали на повеќе светски натпреварувања.

Во моментот се фокусирани на производство на мед со врвен квалитет. Го имаат во две форми и тоа течен органски суров мед за Македонскиот пазар и премиум пакување на органски суров мед кој е наменет за странскиот пазар, а кој се продава кристализиран односно кремиран.

Борис вели дека пчеларникот е достапен за туристи. Во имотот располага со викендива во која може да се преспие, има базен кој ретко функционира но е со природна вода која извира 70 метри под земја. Но најважно од се е тоа што тие нудат можност за посета на пчеларникот и секој кој сака да го проследни и изучува процесот на производство на мед е добредојден. Овде е и можност да се вади мед дирекно од кошниците на овоштарникот, а за тие кои ќе помогнат добиваат награда изразена во мед. До самата локација, Борис вели дека се движат со „олдтајмери“ од 1968 година од кои 6 се ландровери 109, кои се вистинска атракција за гостите.

Досега ги имаат посетено доста гости кои најчесто се плнинари, бидејќи и самите тие уживаат во планинарењето, но за оние кои не се физички подготвени да пристигнат до дестинацијата, имаат можност да појдат со велосипед, АТВ мотори, крос мотори и слично.

Борис вели дека нема поубаво чувство од дегустирање мед и полен односно перга дирекно од пчелите, но сето ова се надополнува и со прекрасната домашна храна која ја подготвува нивната мајка. 

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар