Фарма Зрзе

Каде во Македонски Брод?

Фарма Зрзе Контакт телефон наскоро

Кристијан кој ни ја раскажа животната приказна и мотивот да се посветат на одгледување кокошки пуштени на отворени пасишта вели дека го одбрале селото Зрзе поради фактот дека нивната мајка Ружица потекнува од ова место, а кое е чисто и опколено со прекрасна природа.

Идеата да отворат сопствена фарма на која ќе се огледуваат кокошки пуштени на отворени пасишта дошла откако се одлучиле дека им треба здрав и посмирен начин на живеење. Што би рекле другите живот на село”. Целта им била да се вратат на првобитниот начин на живот кој го живееле нивните предци, од посмирено темпо, здрава локална храна, чист планински воздух, изворска вода до помалку гужва.

За село Зрзе велат дека е доста чисто и има прекрасна природа, но додаваат дека овде се наоѓа и прекрасниот манастир Св. Преображение, кој е популарна атракција за туристите што значи добар потенцијал за развој.

Денес, нивната фарма е дом на кокошки, препелици и пајки, а во тек е изградба на бавчи на кои ќе садат зеленчук за нивна прехрана и храна за животните. Покрај кокошките и препелиците, наскоро започнуваат со производство на домашни јуфки, а за кои производи велат дека може да се купат директно од фармата, а наскоро и преку достава до Скопје.  

Кристијан вели дека денот на фармата започнува од рано во зори. Во летниот период, ги пуштаат кокошките да излезат и да пасат на пасиштата во село Зрзе. За тоа време се подготвува храната и водата на сите животни. Во зависност од дневните обврски, се занимаваат со градежни активности, истражување на нови начини на работа за подобрување на целовкупниот квалитет на функционирањето на фармата и производите. Креирање содржини и комуникација на социјалните мрежи, кроење планови за иднина и ред други работи. Навечер кокошките ги затвараат во нивните топли живеалишта за да се одморат за утрешниот ден. Обожаваат да се цело време во акција, бидејќи само така ќе растат и напредуваат, смета Кристијан.

Двајцата браќа размислуваат на неколку идни проекти. Во план им е да воведат отворени денови за туристи, каде гостите ќе може да уживаат со домашен и здрав доручек, ќе дишат чист воздух и ќе уживаат во прекрасната природа. И двајцата велар дека ќе продолжат да растат, бидејќи за нив ова е животна мисија. Производството на здрава храна за нив и за нивните потрошувачи, поддршка на локалната заедница и инспирација за младите и идни генерации се нивна животна водилка.

Нивните активности може да ги погледнете на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм. Од ценовникот, па се до нарачки. Кристијан вели дека најмногу се посветуваат на инстаграм и таму може да се воспостави добра комуникација.

Нивниот инста профил е: @farmazrze.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар