Рибен ресторан „Белица“

Каде во Македонски Брод? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Рибен ресторан „Белица“

Денеска ќе ве запознаеме со рибниот ресторан „Белица“ кој стана дел од нашата база на „Гастромонија“, а која база ја надоградуваме се со цел да ги потикнеме гастрономите повеќе да патуваат. Ова место се наоѓа недалеку од езерото Козјак, во прекрасна природа.

До него може лесно да се пристигне доколку се патува преку Македонски Брод, а сигурно ќе кажете дека би биле уморни доколку патувате толку долг пат. Од тие причини, домаќините на ресотранот имаат отворено свои соби за престој, како би им овозможиле на гостите да уживаат во природата подолго време. Сместувањето исто така од денеска е дел од нашата база, а кое можете да го погледнете со еден клик ОВДЕ.

Ресторанот Белица постои од 2022-та година. Станува збор за фамилијарен бизнис кој е фокусиран на одгледување пастрмка. Со оглед на поволната местоположба и прекрасната природа домаќините одлучиле да го прошират својот бизнис и да отворат рибен ресторан и сместување. Станува збор за најголемиот рибник по површина во Македонија, а во рибникот може да се најдат калифорниска, речна, црвена и охридска пастрмка.

За оние кои првпат слушаат за село Белица, ова селце се наоѓа во околината на Македонски брод во близина на езерото Козјак. Одалечено е 65 километри од Скопје преку „Јасен“ преминот „Кула“.

Низ селото тече реката Белица, којашто е притока на реката Треска. Реката претставува заштитен споменик на природата.

Во близина на селото постојат бројни подземни пештери, кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореографија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар